Вучиќ на Бугарски : Бојко , дали ме разбра? (ВИДЕО)

Свеченото отворање на последната  делница од Коридорот 10 на српско -бугарската граница, во присуство на највисоки функционери на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Бојко Борисов, и бројни граѓани, започна околу пладне во Банкарево.

Со тоа официјално се одбележува завршувањето на работата на тој коридор, чија вкупна должина низ Србија е 813 километри.

Претседателот Вучиќ претходно се сретна со Борисов од другата страна на тунелот Банкарево и заедно се возеа низ тој тунел долг 881 метри.

,,Овој пат и километрите патишта што се изградени досега, се токму она што го посакувавме кога започнавме да ја менуваме земјата, се менуваме, рече претседателот Александар Вучиќ денес на отворањето на истониот крак на Коридорот 10, велејќи дека тој „нема да запре“.

Претседателот на Србија се обрати денеска на отворањето на источниот крак на Коридорот 10 на бугарски јазик, при што им посака добредојде на Бугарите кои живеат во Србија , како и на бугарскиот премиер Бојко Борисов и членовите на неговата делегација.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека со отворањето на овој коридор ќе се спојат Западна и Источна Европа.

Како Германците, рече Борисов, кои го урнаа Берлинскиот Ѕид пред 30 години, а сега падна ѕидот меѓу двете земји, Србија и Бугарија.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер