Вучиќ - Мелони: Европа не е клуб за некој да одлучува кој ќе влезе во него

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, беше домаќин на премиерката на Република Италија, Џорџа Мелони, која денеска е во посета на Србија.

Вучиќ свечено ја пречека Мелони пред Палатата Србија, објави српски Телеграф.

По свечениот прием, со интонирање на националните химни на Италија и Србија, претседателот на Србија и премиерот на Италија остварија приватна средба.

Претседателот Вучиќ по средбата рече дека имале добри разговори, при што заеднички констатирале дека односите меѓу двете земји се исклучителни и дека има простор за натамошно проширување на соработката.

„Разговаравме за европскиот пат на Србија, благодарен сум за суштинската поддршка на Италија“, рече Вучиќ и додаде дека Мелони секогаш сакала да слушне што има да каже Србија и дека нема едностран пристап кон проблемите во регионот.

„Сметаме дека премиерката на Италија е една од големите лидери, не само европски, туку и светски, кој има величествен политички талент“, рече Вучиќ.

Претседателот рече дека со премиерката на Италија разговарале за сите важни прашања.

„Србија и Италија имаат добри политички и економски односи, имаше размена на стоки во вредност од 4,6 милијарди евра, се договоривме дека може да се направи повеќе, особено кога Стелантис ќе започне со производство на Панда во Крагуевац“, рече меѓу другото Вучиќ.

Тој рече дека верува оти компанијата Стелантис може да биде генератор на многу инвестиции.

„Бидејќи дури 1/4 од вкупните инвестиции се во Србија. Укажав дека Италија пристапува кон решавање на проблемите во нашиот регион објективно и суштински. Уште еднаш изразувам голема благодарност што е тука во Белград“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ќе знае дека ја цени италијанската поддршка и рече дека разговорите со Мелони ќе продолжат попладне со ручек.

„Овде во Србија можете да кажете што сакате, ние ќе одговориме, но ќе бидеме фини. Единствената вистинска навреда е да ни кажат дека не сме биле добри домаќини. Добредојдовте во Србија“, ѝ рекол Вучиќ на Мелони.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, му се заблагодари на претседателот Вучиќ за гостопримството.

„Сѐ што доживеавме беше исклучително убаво, благодарна сум за тоа. Ова е моја прва посета на Србија, има односи меѓу нашите две земји кои се многу важни и верувам дека можат да продолжат да се развиваат“, рече Мелони, додавајќи дека таа и претседателот Вучиќ досега имаа неколку можности да разговараат.

Мелони истакна дека досега е направено многу.

„Нашата трговска размена е навистина голем успех. Многу компании, може да имаат повеќе инвестиции, повеќе нови работни места. Мислам дека Белград е првиот град во светот каде италијанските компании отворија свои канцеларии. Ова покажува колку внимание имаме и со колкаво внимание нашиот претприемачки свет гледа на Србија. Важна е и работата што ја вршат претседателот Вучиќ и владата овде. Има големи резултати што се постигнати, исклучителни“, рече Мелони.

Таа посочи дека е презадоволна што има лидери кои разбираат и сфаќаат колку е важно да се подобрат односите меѓу двете земји поради економијата.

„Нашите односи го покажуваат стратешкото значење што Србија го има за Италија и затоа ќе бидеме во првите редови меѓу земјите кои се залагаат за проширување и обединување на Европа. Европа не е некој клуб за кој некој треба да одлучува кој ќе биде во него и кој не. Многу е важно да се случи повторно обединување на цела Европа, кога ќе го погледнеме сценариото во целиот свет“, рече Мелони, нагласувајќи дека е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство.

„Италија ќе биде со Србија на европскиот пат“, јасно кажа Мелони.

„Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап кон дијалогот со Косово. Италија силно го поддржува тој процес и работиме во насока на реализација на сите обврски што ги презедоа страните. Сакам да му се заблагодарам на Белград за сите напори што прави“, рече таа..

Да потсетиме, италијанската премиерка покрај претседателот Вучиќ, во делегацијата ја пречекаа и министерот за финансии Синиша Мали и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Набргу по пристигнувањето на Џорџа Мелони во Белград, претседателот на Инстаграм објави фотографија од аеродромот.

- Голема чест ми е што сум домаќин на @giorgiameloni во Белград. Сигурен сум дека оваа посета ќе им даде дополнителна динамика на нашите односи. Италија е еден од најважните политички и економски партнери на нашата земја. Посебно ѝ благодарам на г-ѓа Мелони што најде време да ја посети Србија, и покрај нејзиниот напорен распоред, и да даде поддршка на нашето европско патување - напиша Вучиќ на Инстаграм со фотографија на која ѝ подава букет на Џорџа.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер