Вучиќ: Малата Данка е прегазена со автомобил и убиена, уапсени две лица

Убиена е малата Данка, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти страшната вест дека двегодишната Данка Илиќ е прегазена со автомобил и убиена.

- Имаме лоши вести за детето од Бор, за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле. Сега ја носат полицијата таму каде што ја закопале - рече претседателот на Србија. Тој додаде дека полицијата ги носи на местото каде што е телото на детето. – Благодарам на полицијата за големиот труд и посветеност – додаде српскиот претседател.

Тие двајцата на 26 март, според сопственото признание, ја убиле малата Данка. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и со голи раце го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

За жал, потрагата по исчезнатата Данко Илиќ има трагичен крај.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

- С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот - вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа. Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако девојчето исчезнало, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето.

- С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил двегоdишната Данка и ја убил - вели извор од истрагата.

Како што дознава српски „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

-Данка стоела на сред пат, автомобилот урил во неа со голема брзина.

Еден од осомничените излегол од автомобилот и наместо да и помогне, ја ставил во багажникот и се упатиле кон депонијата. Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму. Прво го закопале со ѓубре, за да не се забележува, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселини и хемикалии за да се отстранат трагите од крв. Само со форензичка анализа и употреба на специјални светилки полицијата ги отркила трагите од крв. Подоцна било утврдено дека крвта е на Данка - пишува Информер.

Инаку, Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ по која половина Европа трагаше десет дена!

Според последните информации, многу брзо по исчезнувањето на малата Данка Илиќ, тие двајца биле приведени и сослушани. Тие на информативниот разговор тогаш истакнале дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Но, тие и биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите ги пребарувале и копале атарите и ги пребаруваа депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале.

Клучниот момент за полицијата да ги разоткрие било објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата монтруми си рекле „Го види ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер