Вучиќ го пречека Борисов , заедно ќе пуштаат делница од Коридорот 10

На источниот крак  на Коридорот 10 , денес се пушта во употреба делницата од Просец до Црвена Река , во должина од 22,5 километри, со што се комплетира изградбата на целиот источен крак од Димитровград до Ниш, долг 86,8 километри.

Овој дел од автопатот ќе го отворат заедно српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Вкупната вредност на изградбата на источниот крак е проценета на околу 476 милиони евра. Овој дел се смета за најтежок, бидејќи ја заобиколува Сичева клисура .

Како што јавуваат српските медиуми по новиот автопат од Ниш до граничниот премин Градина кон Бугарија ќе се стигнува за педесет минути.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна напладне со бугарскиот премиер, со кого заедно ќе го отворат овој дел од Коридорот 10.

Претходно Борисов објави видео , во кое вели дека на средбата со српскиот претседател пристигнува со хеликоптер.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер