Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Осумдесет-часовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце денеска е втор ден карантин, откако Владата за тоа донесе одлука на седницата во средата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Осумдесет-часовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Согласно одлуката на Владата во сите останати градови денеска и утре е забрането движење на сите граѓани по полицискиот час, кој почнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Поради празникот Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државата до понеделник до 5 часот.

Одлуката за повторно воведување забрана за движење е донесена согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот. Забрана за движење на териорија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, а аптеките работат непречено.

Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени остануваат да важат, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците е во веќе востановените термини во периодите 8 до 8:30, 15 до 15:30 и 20 до 20:30 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера повика граѓаните каде и да се наоѓаат да се придржуваат до мерките, односно носење заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава во изминатите денови. /МИА

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не ми го дозволи Инстаграм..

Јелена Карлеуша објави што ќе објави на „OnlyFans“: Тоа не ми го дадоа на Инстаграм, експлицитно велат...

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша неодамна најави дека ќе отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“.

На Инстаграм популарната Карлеуша има скоро два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена .

Иако многумина се надеваа дека објавувањата на пејачката на OnlyFans ќе биде многу поексплицитни, Јелена проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Инстаграм ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографиите во бикини. Затоа сум на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на порно, ...“, изјави Јелена Карлеуша за Информер.

Најмалку 14 лица го загубија животот откако врз нив падна голем билборд во Мумбај

Најмалку 14 лица го загубија животот, а 75 други се повредени откако врз нив падна голем билборд при невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија денеска властите.

Видео снимка покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа во прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.

Локалните власти соопштија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Билбордот бил околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.

Општина Крива Паланка додели по 3000 денари за секој матурант од градот

Денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства.

Во пресрет на матурската прослава на средношколците од завршните години од средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Крива Паланка, денеска им беа доделени по 3.000 денари еднократна сума средства од општинскиот буџет преку мерката за поддршка на млади, воведена минатата година.

-Како убава честитка по повод матурирањето, денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства од една од мерките за поддршка на младите. Ова е втора генерација матуранти кои од буџетот на Општината добиваат по 3.000 денари, еднократна парична помош во пресрет на матурската прослава. Младите се во фокусот на работата на општината, младите се иднината, а нивните успеси се наша заедничка радост, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Матурското дефиле низ главната улица, централниот настан во организација на општината наменет за генерацијата матуранти 2020-2024 на градскиот плоштад и забавата за нив ќе се одржат во четврток, 16 мај 2024.

Од Општина Крива Паланка посочуваат дека со новововедените програмски мерки за млади, втор година по ред се овозможува и финансиска поддршка на сите првачиња, 3.000 денари, младите имаат можност да аплицираат за субвенции од општинскиот буџет за набавка на лаптоп или компјутер, субвенции за купување велосипед, по 5.000 денари се доделуваат еднократно за секое новороденче од Крива Паланка, младите брачни парови можат да аплицираат за субвенции за набавка на количка за бебиња, субвенции се достапни и за превоз на студенти, а исто така општината воведе и бесплатно користење термини на спортските терени во градот за младите.

Сите мерки што се воведени и усвоени од страна на Советот на Општина Крива Паланка се објавени и јавно на општинската веб-страница www.krivapalanka.gov.mk, а за информации е достапно и лицето задолжено за спроведување и реализација на истите, службеникот за млади во локалната самоуправа на општината.

притисни ентер