Врховен суд денеска со втора јавна седница по жалбата на таткото на убиената Вања

Врховен суд денеска  со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова ќе биде втора јавна седница пред Врховниот суд, по мерката притвор на таткото на Вања. Ѓорчевски, се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Претходно во март годинава, врховен ја одби жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски како неоснована. Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела – „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се наоѓаат во притвор во Скопје.

На Денот на македонскиот јазик велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јаазик

На Денот на македонскиот јазик со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

На Денот на македонскиот јазик сите со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик.

Сонот и аманетот на Блаже Конески се исполнети, владата предводена од СДСМ успеа да се избори за македонски јазик признат и потврден од сите.

Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш.

Направивме историски исчекор, со сите 27 членки го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

Службите на ЕУ вработуваат преведувачи за македонски јазик.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, СДСМ направи вистински потфат во унапредувањето на јазикот.

Од овој Закон произлегуваат многу важни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици од четврта година средно образование и на додипломски, магистерски и докторски студии, со што се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Се отвораат нови работни места за лектори во институциите. Се преземаат конкретни и суштински чекори за македонскиот јазик, за негова заштита.

На предлог на СДСМ денешниот ден е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

СДСМ чувајќи го македонскиот јазик, како наша посебност, како наша татковина, ја зајакнува државноста и темелот на македонскиот идентитет.

Скопје, 05.05.2024

СДСМ

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Со почит,

Христијан Мицкоски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик - министер за одбрана на Украина.

притисни ентер