ВРЕДИ: ДУИ е политичка партија која ги изневери Албанците

ДУИ е политичка партија која ги заборави Албанците, а се грижеше единствено за богатството на неколку луѓе од врвот на партијата.

Денес сакаме јавно да поставиме прашање дали ДУИ е спремна да се соочи со одговорноста за тоа што работеше единствено за личен интерес на поединци од својот врв.

Дали ДУИ е спремна конечно да и објасни на јавноста за десетици и десетици афери и скандали кои се случија во минатите години.

Каде завршија 14 милиони евра отпишани долгови спрема фирми снабдувачи со електрична енергија, чии сопственици беа деца и роднини на луѓе од врвот на ДУИ и СДСМ?

Каде завршија скоро 400.000 евра доделени незаконски како спонзорства на разни фитнес студија и спортски клубови од страна на МЕПСО, без никакви критериуми и транспарантност?

Каде завршија парите од доделените десетици и десетици концесии за фотоволтаични и хидро централи доделени на деца и роднини на истите функционери од претходната власт?

Каде завршија парите од криминалните набавки за мазут во четири очи за потребите на с ТЕЦ Неготино, спроведени со сомнителни фирми во минатото?

Дали ДУИ ќе им објасни на своите гласачи, но и на сите гласачи Албанци, каде завршија парите одземени од нашите луѓе во стотиците коцкарници кои ги отворија во нивните мандати?

Дали ДУИ ќе каже за чиј интерес и сметка работеше фирмата Еуровиа која ги добиваше сите тендери во неколку министерства предводени од кадри на ДУИ?

Почитувани,

Најдобронамерно им упатуваме порака на ДУИ да се посветат на расчистување на својот двор. Граѓаните бараат одговори за сите криминали кои се случија минатите годинии.

Гласачите дадоа јасна порака. Не сакаат повторно да гледаат и слушаат од луѓе кои докажаа дека ги интересира само своето богатење.

Добро е што ДУИ конечно прифати дека е опозиција.

Ние ќе направиме се што е потребно, граѓаните да бидат задоволни и да знаат дека власта работи за нивниот интерес, се наведува во партиското соопштение.

Стотици Холанѓани ги загубија своите заштеди во криптопирамида

Стотици, можеби илјадници Холанѓани изгубиле пари поради пирамидалната шема за криптовалути. 

ОмегаПро кои ветувале огромен поврат на инвестициите се додека не пропаднала пирамидалната шема, објави весникот Де Телеграф.

„ОмегаПро“ е основана во 2019 година на островите Свети Винсент и Гренадини, а седиштето било во Дубаи. Со него управуваат Германецот Дилавар С., Американецот Мајк С. и Швеѓанецот Андреас С. Компанијата се занимава со девизен курс на криптовалути - децентрализиран пазар каде се тргува со сите странски валути.

Во 2022 година, многу Холанѓани беа убедени да инвестираат значителни средства во него. Една жена, на пример, била убедена од таксист кој го познавал нејзиниот сопруг. Друг инвестираше откако присуствуваше на настан во Истанбул. ОмегаПро ветувале дека нивниот алгоритам ќе донесе висок профит на инвестицискиот пазар.

Но, по регрутирањето на околу 3 милиони инвеститори ширум светот, добивката од околу 4 милијарди евра одеднаш исчезнала. Кон крајот на 2022 година, организацијата објави дека била погодена од хакерски напад. Инвеститорите повеќе не можеа да пристапат до нивните паричници, веб-страницата падна, а главните играчи исчезнаа. Според Де Телеграф, се испоставува дека е класична пирамидална шема.

Неколку месеци подоцна, во Турција е уапсен Андреас С. Властите заплениле неколку компјутери и 32 „ладни паричници“ кои не биле поврзани на интернет. С. одбил да ги даде лозинките, но според „Де Телеграф“ истражителите успеале да го следат движењето на криптовалутите за над 160 милиони евра.

Една од жртвите за весникот изјавила дека вложила 25.000 евра и не очекувала повторно да ги види. Има луѓе кои инвестирале и до 250.000 евра“, рече таа в о изјава за весникот.

Австралиец го издава луксузниот имот каде пред 3 месеци била убиена сопругата, огласот е чуден

На крајот на јули на семејниот луксузен имот во Квинсленд било пронајдено безживотното тело на Френсис Елизабет Крафорд и оттогаш случајот ја вознемирува австралиската полиција.

Сепак, тоа не го спречило нејзиниот сопруг да го понуди нивниот дом на мрежата за недвижнини AirBnB.

Тој го опишал местото на злосторството, каде што безживотното тело на Елизабета било пронајдено на 30 јули покрај превртена косилка, недалеку од куќата, како „рај на земјата опкружен со грмушки“.

Случајот првично бил прогласен за несреќен случај, но набрзо се покажало дека станува збор за убиство. Два месеци подоцна, најлошите сомнежи се оствариле и сега се поставува прашањето кој можел да направи ваков грозоморен чин.

Оваа 49-годишна жена работела како психолог со сопругот Роберт и има три возрасни деца. Инаку, Роберт е вработен во Кралското австралиско воздухопловство како водач на ескадрила.

Роберт тоа несреќно утро се јавил во полиција, а како што соопшти полицијата, во куќата за време на злосторството немало никој освен него.

Сопругот официјално не е осомничен за убиството, но истражителите веруваат дека тој последен ја видел жива. Очигледно полицијата открила и сомнителни работи за сопругот. Вели дека имал различни контакти со жени ширум светот. Тој стапувал во контакт со нив преку апликација за запознавање, но и преку неговата работа како пилот.

Набргу по смртта на неговата сопруга, Роберт го понудил нивниот семеен имот на AirBnB и го опишал како „рај на земјата“, пренесува Bild.

"Прекрасна луксузна куќа на скриена локација. Тоа е рајот на земјата, опкружен со грмушки, каде што ќе почувствувате дека вашиот стрес исчезнува", стои во описот на огласот.

На својот профил на гореспоменатата страница тој кажува дека е „пчелар аматер, заинтересиран за музика и уметност“.

Гостите кои веќе престојувале во куќата имаат само пофални зборови за имотот, но и за домаќинот.

Инспекторите сега работат на испрашување на познаниците на Роберт Крафорд и бараат веднаш да се јават, а најмногу се заинтересирани за врски со наводни жени од целиот свет како што се Италија, САД, Папуа Нова Гвинеја, Гуам, Авганистан, Јапонија, Малезија и многу други.

Борел: Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, војната ќе заврши за 15 дена

Потпретседателот на Европскиот парламент и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, даде интервју за порталот 20minutos.

Во него тој ја коментираше ситуацијата во Украина.

„Многумина сакаат војната да заврши што е можно побрзо, пред сѐ самите Украинци. Но, важно е како. Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, војната ќе заврши за петнаесет дена и Путин ќе ги постигне своите цели.

Но, дали го сакаме тоа за Украинците и за безбедноста на нас самите како Европејци? Мораме да направиме сѐ што е можно за да обезбедиме, кога ќе дојде време, преговорите да се одвиваат под услови кои се поволни за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Борел.

притисни ентер