„Десет месеци теренски додатоци немаме земено, теренски ни признаваат само 10 дена, а треба 22.... 3 месеци плата немаме земено, а 6 месеци теренски. И ни униформи ни ништо немаме, еве вака како што не гледате вака одиме на работа, немаме опрема, немаме оружје. “-Бекир Сажиров – вработен во Национални шуми
Вработените од сите подружници на претпријатието денеска излегоа на улиците. Се жалат плата не се зеле со месеци, а надлежните купувале нови возила, се вработивал дополнителен кадар. Од синдикатот упатија апел до власта и менаџментот да не се поигруваат со судбината на околу 1 800 вработени.
„Ставот на менаџементот секогаш е дека зимскиот период е тежок, ако е тежок како можеа во зимскиот период да набават нови не знам колку возила и да потрошат милионски суми пари. А да не обезбедат плата за вработените. Целиот проблем е во претставниците на власта и менаџментот , не може никој да не удеби дека луѓето што одат на работа и ги извршуваат своите работни задачи се должни да чекаат два или три месеци за плата. Нека си го планираат периодот, а не да прават сезонски работници , 10 месеци идат луѓето на работа, 2 не а потоа да ги лажат дека ќе има плата до среда до петок, повеќе не веруваме на лаги секој ден ако треба ќе протестираме до исполнување на барањата. “-Иван Пешевски – претседател на СГИП
Директорот на национилни шуми, вели свесен е за состојаба во која се наоѓаат вработените и се прават сите напори да се обезбедат средства за нивните плати.
Паралелно со денешниот протест во претпријатието се одвива и штрајк, вработените иако се на своите работни места не ги извршуваат работните задачи.