Вработени во банка го напуштија утринскиот состанок порано

Вработените се разбегаа откако од плафонот падна Бурмански питон.

Вработените во една банка во Кина се разбегаа откако пред нивните нозе падна од плафонот огромен Бурмански питно.

Снимка од банката ја покажува големината на питонот.

Змијата по неколку часа била заробена и однесена во зоолошка.

Питонот бил со тежина од 8 килограми.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер