Воздухопловна база во САД добила закана со бомба , целото подрачје е евакуирано

Воздухопловната база ,,Патрик” во Флорида доби закана со бомба.

Областа е евакуирана , а властите истражуваат од каде потекнува заканата , пренесува Ројтерс.

Патрик АФБ (Патрик воздухопловната база) се наоѓа јужно од главниот американски ракетен центар Кејп Канаверал, на источниот брег на Флорида.

Заканата за бомба доаѓа набргу откако четири лица беа убиени, а осум повредени во пукање во поморската воздухопловна база Пенсакола во Флорида.

Напаѓачот беше идентификуван како член на Саудиските воздушни сили кој учествувал во воена обука во САД.

Истрагата за инцидентот е во тек. Властите се обидуваат да утврдат дали нападот во воздухопловната база Пенсакола е поврзан со тероризам.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

притисни ентер