Возачките со старото име ќе важат до крајот на годината, донесени итни законски измени

На полноќ истече рокот од одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба, но Собранието со итни законски измени овозможи  возачките со „Република Македонија“ ќе може да се заменат до крајот на 2024г.

Собранието вчера попладне со 90 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината.

Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Како што истакна истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски, образложувајќи ги предложените измени, преку меѓусебен консензус, сите координатори на партиите дошле до заедничко решение, на оваа седница да предложат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.

- Се работи за мали измени, односно одредбата во која стои 12 февруари 2024 (денес), се менуваа со 31 декември 2024 или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение ќе овозможи намалување на долгите редици чекања, нагласи Мицевски.

Претседателот Стево Пендаровски, веднаш потоа го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име. Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

На полноќ истече преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со новото име се издадени некаде околу 525 илјади возачки дозволи, додека со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година.

Во моментов, според Тошковски, има околу 30 илјади македонски и околу 60 илјади албански обрасци за возачки дозволи. До март се очекува да пристигнат уште 160 илјади.

- Возачките дозволи и лични карти се печатат на иста машина. Бројот што е потребно да се задоволи врз основа на тоа што е досега издадено, во целост ќе го завршиме со крајот на годината. Граѓаните да знаат дека рокот што е даден е реален за да биде во целост заврешно, изјави Тошковски, вчера во интервју на телевизија Телма.

Во однос на налепниците за регистарските таблички, Тошковски, рече дека околу 350.000 налепници кои се дистрибуирани до станиците за технички преглед.

Според Тошковски, временскиот период од десет до единаесет месеци е реален за да се направи целата замена на возачки дозволи и лични карти, но ги повика граѓаните да не чекаат, туку да продолжи континуитетот.

Во однос на патните исправи, според Тошковски претпоставката е дека некаде околу 650 илјади граѓани имаат важечки пасош со името „Република Македонија“.

- Таа бројка на луѓе, јас не можам да кажам дали се надвор или во Македонија. Во секој случај, тие што се тука ќе бидат притворени, само не во домашен притвор или во затвор, туку на територија од 26 илјади км квадратни и ќе им биде, гарантирам согласно мојата емпирија со Стразбур, повредено човеково право, изјави Тошковски во интервју за телевизија „Сител“.

Моментално, според Тошковски, има уште околу пет илјади македонски и околу десет илјади албански обрасци. Најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат околу 250 илјади обрасци.

Договорот од Преспа стапи во сила на 12 февруари 2019 година со што важноста на пасошите со старото име истекува пет години подоцна, односно на 12 февруари годинава.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а уставните измени за промена на името во С. Македонија во Собранието беа изгласани на 11 јануари 2019 година. По излегувањето на измените во Службен весник во февруари 2019 година почнаа да течат петгодишните рокови согласно Договорот.

Штипски „Исар“ наредната година ќе го реализира Скада системот

Загубите на водата за пиење низ водоводната мрежа, кои изнесуваат околу 60 проценти, штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе го решава со новиот Скада систем.

Директорот на ЈП „Исар“ - Штип, Александар Арсовски вели дека ова е еден од најкапиталните проекти за градот и за претпријатието во текот на 2025 година. Појаснува дека системот ќе врши контрола, мониторинг на водата за пиење, односно каде се губи откако излегува од Филтер станицата. Штипски „Исар“ по основ на загуби на вода поради старата и дотраена мрежа, но и дивите приклучоци годишно губи околу 2,5 милиони евра.

Водата не се фактурира, но трошокот е направен и се плаќа од страна на претпријатието и граѓаните.

-Тоа е комплексен систем кој ќе биде потавен на 37 контролни точки. Ќе се изведува компјутерски преку специјален софтвер и ќе може сите тие дефекти и загуби на вода во кои спаѓаат и кражбите, навремено да се детектираат и да се преземат соодветни мерки за да се спречат, вели Арсовски.

Штип има доволни колични на вода, но по приклучувањето на Хидросистемот „Злетовица“ поради силниот притисок често пати пукаат старите, дотраени цевки. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вети дека во 2025 година проблемов ќе биде решен со ставање во фукнција на Линија два и изградба на резервоарите во населбите Пребег и Мерите.

-Линија 2 е веќе комплетно поврзана, се прават последните подготовки за поврзување до локацијата каде се планирани двата резервоара и со тоа откако ќе бидат изградени двата резервоара ќе биде ставена во функција.За резервоартите „Мери„ и „Пребег„ се издвоени средства од самопридонесот. Со нив ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Штип, со немањето на доволно капацитет во постоечката инфраструктура за водоснабдување, изјави Јорданов.

Со изградбата на двата резервоари и пуштањата на водоводната Линија 2, освен проблемот со водоснабдувањето, ќе се овозможи и урбанизирање на неколку локации кои досега се користеа како викенд населби.

-Ќе се додаде вредност и ќе се овозможи урбанизирање, овде ја вклучувам населбите Плуждино, Кежовица, односно перспективно населби и места кои можат да се урбанизираат и со зона за лесна индустрија и со домување. Очекувам првата половина на 2025 да биде реализирано и ставено во фукнкција, рече Јорданов, градоначалник на Штип.

За решавање на проблемот со водоснабдување на населбите во високите делови на градот се инвсетираат два милиони евра, од кои 1.100.000 се од Програмата Тав за Линија два, а за двата резервоари 900.000 евра се обезбедени од самопридонесот.

Франција по 25 години приклучи нов реактор на електричната мрежа

Франција утринава го поврза нуклеарниот реактор Фламанвил-3 на својата електрична мрежа, објави француската државна енергетска компанија ЕДФ. 

Ова е прв ваков случај во западноевропската земја во последните 25 години.

Реакторот, кој беше вклучен во септември пред да се приклучи на електричната мрежа, е пуштен во употреба 12 години задоцнет и по цена од околу 13 милијарди евра, четири пати повеќе од првично планираниот буџет.

-Тимовите на ЕДФ го постигнаа првото поврзување на реакторот за вода под притисок Фламанвил со националната мрежа во 11:48 часот по локално време. Реакторот сега произведува електрична енергија, се вели во соопштението на компанијата.

Реакторот Фламанвил-3 е најголемиот во Франција со капацитет од 1,6 гигавати и еден од најголемите во светот.

ЕДФ планира да изгради уште шест реактори за да го исполни ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во 2022 година.

Во судар на камион и патнички автобус во Бразил загинаа 22 лица

Најмалку 22 лица загинаа во судар меѓу камион и автобус утринава на автопат во југоисточната бразилска држава Минас Жераис.

Државната противпожарна заштита, чии службеници пристигнале на местото на несреќата, соопшти дека 13 лица се пренесени во болница во градот Теофило Отони. Автобусот наводно тргнал од Сао Паоло и превезувал 45 патници.

Властите соопштија дека на возилото му пукнало гума, по што возачот изгубил контрола и удрил во камион. Во автобусот се судрил и автомобил со тројца патници, но сите тројца преживеале.

Спасувачките екипи работат на местото на несреќата и продолжуваат да извлекуваат жртви, изјави претставник на противпожарната служба.

притисни ентер