Возач на БМВ остана без гуми, додека бега од полицијата со 232 км/час (ВИДЕО)

Бркотница со полицијата не е невообичаено во Америка, но ретко е да се фати возач во скап спортски автомобил како BMW M4.

Канцеларијата на шерифот на округот Форсајт објави видео од потерата што се случила на 17 декември минатата година.

А сѐ започнало кога полицаец се обидел да запре БМВ бидејќи му биле вклучени долгите светла. БМВ-то набрзо бега, а на воланот е 22-годишниот Ислам Асланов. Видеото започнува токму во моментот на почетокот на потерата. Иако ретко се гледаат БМВ-ови, според канцеларијата, Асланов возел 113 км/ч на делница каде дозволената брзина е 56 км/ч, а во еден момент возел 161 км/ч. На автопатот, пак, возел 232 км/ч.

БМВ конечно ја намалил брзината поради поставените стапици за гуми. При минувањето преку шилците се дупнаа гумите, а набрзо деморализираниот возач реши да капитулира и да се предаде. Тој е обвинет за брзо и небрежно возење, возење со долги светла и обид за бегство.

На прашањето зошто побегнал, Асланов одговорил дека „се исплашив кога ја видов полицијата зад мене“.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата.

Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид.

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ.

притисни ентер