Вооружен напад на аеродромот во Кабул: Ова е пекол!

По помалку од една недела откако главниот град на Авганистан падна во рацете на талибанците, нема крај на хаосот на аеродромот.

Седум Авганистанци, меѓу кои и двегодишно девојче, загинаа во вчерашното стампедо.

Синоќа имало судири меѓу американски, германски и авганистански војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул. Во борбите загинал еден Авганистанец, а тројца се ранети, објави германската војска на Твитер.

Во исто време, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден рече дека огранокот на Исламската држава во Авганистан претставува „акутна закана за евакуацијата од Кабул“.

Се очекува западните сили да ја завршат евакуацијата до 31 август, но се поизвесно е дека тие нема да можат да направат се` до тоа време. Британскиот премиер Борис Џонсон побарал од американскиот претседател Џо Бајден да го продолжи рокот, но талибанците, кои го контролираат Кабул, веќе одбиле. Портпаролот на талибанците се заканил со последици доколку се продолжи рокот.

Американската војска објави детали за конфликтот на аеродромот во Кабул.

"Ниту еден припадник на американските сили не беше повреден во краткото пукање. Се започна кога непознато лице отвори оган врз авганистанските сили. Авганистанците возвратија со оган", велат тие.

„Еден припадник на авганистанската војска загина, неколкумина беа повредени“, се наведува во соопштението.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер