Вон победничка на Супер-Г

Американската скијачка Линдзи Вон е победничка на денешната трка од Светскиот куп во дисциплината супервелеслалом.

Вон патеката ја мина со време 1:26,55 минута и само по 24 часа од вчерашниот рекорд по број на победи во спуст, со новите бодови изби на лидерската позиција во пласманот од Свесткиот куп.

За Американката ова беше осма победа оваа сезона и вкупно 75. во нејзината кариера.

На второто место се пласира Тина Вајрајтер од Лихтенштајн (1:27.24), а трета беше Викторија Реббенсбург од Германија (1:27.70).

Во генералниот пласман води Вон со 900 бода пред Лара Гут од Швајцарија која има 855 и Фрида Хансдотер од Шведска со 661.

На табелата во Супер-Г, Вон е прва со 300 бода пред Австријката Корнелија Хјутер со 170 и Гут со 161. /МИА

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер