Дваесет и шестгодишниот Британец победи на етапата во Спа на 28 јули, но по трката беше дисквалификуван поради недоволна тежина на болидот за 1,5 кг. Првото место му припадна на тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон. Втор беше Оскар Пјастри од Мекларен, а првите три ги комплетираше возачот на Ферари, Шарл Леклер.
-Мора да ја прифатиме оваа дисквалификација. Очигледно направивме грешка. Треба да ја анализираме ситуацијата и да разбереме што тргна наопаку. Губењето на двојната победа е разочарувачко и можеме само да му се извиниме на Џорџ кој возеше многу силна трка. Луис се искачи на првото место. Беше најбрз меѓу оние кои имаа стратегија со две застанувања во бокс и ја заслужија победата, изјави Волф.
Во моментов Расел е на 8. место во поредокот кај возачите со 116 бодови, додека Хамилтон има 150 бодови и е на 6. позиција. Лидер во поредокот е Макс Верстапен од Ред Бул со 277 бодови.
Во поредокот за конструктори, Мерцедес е на четвртото место (266), зад Ферари (345), Мекларен (366) и Ред Бул (408).