Водителка дознава од репортер за смртта на сопругот - додека чита вести!

Водителка во Индија успеа да ја задржи присебноста додека репортерот ја опишуваше сообраќајната несреќа. Таа успеа да остане прибрана и откако сфатила дека нејзиниот сопруг загинал во несреќата. Но кога се изгасиле камерите - почнала неутешно да плаче.

Водителката Супрет Каур во ТВ станицата „IBC 24“, во централната индиска држава Чатисгар, ги читала вечерните вести во 22 часот, кога бил вклучен репортер од местото на фаталната сообраќајна несреќа.

Според „Hindustan Times“ репортерот јавил дека тројца од петмина вклучени во несреќата - загинале.

Тој не ги соопштил имињата на загинатите но го опишал автомобилот и областа каде се случила несреќата.

Тие детали биле доволни Каур да сфати дека една од жртвите е нејзиниот сопруг, Харшад Каваде, за кого се омажила пред само една година.

И покрај страшното сознание, таа успеала уште 10 минути да чита вести, а кога се изгасиле камерите почнала неутешно да плаче- пишува RT.



Полицијата подоцна потврди дека нејзиниот сопруг загинал во несреќата.

Од телевизиската станица изјавија дека однесувањето на водителката ја докажало нејзината професионалност - таа ги дочитала вестите, а потоа плачејќи почнала да им се јавува на своите роднини...

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер