Во затворите на Асад луѓето биле измачувани на 72 начини- ги чувал „Хитлер“

Се нарекувал Хитлер и сакал да прави „забави“.

За да ги забавува гостите на вечерата, тој ги принудувал затворениците да си играат кучиња, магариња, мачки или други животни. Оние кои не успеале да ги исполнат своите улоги биле тепани, пренесува „Дејлимејл“ во новиот извештај за тортурите во затворите на Башар ал Асад низ Сирија.

„Кучето мора да лае, мачката мора да мјаука, петелот мора да кукурика“, се присетил еден поранешен затвореник и продолжил:

„Хитлер се обидуваше да ги скроти. Кога ќе го гали едното куче, другото треба да се однесува љубоморно“, додаде тој.

„Хитлер“ бил затворски чувар во воздухопловната база Меза во Дамаск, а неговата садистичка природа била немилосрдна дури и според стандардите на Сирија на Асад.

Во затворот Меза, стражарите често ги обесувале затворениците на оградата, голи и ги полевале со вода во студените ноќи. „Њујорк тајмс“ го опиша случајот со затвореник кој бил згмечен во гума и претепан.

Му било кажано дека жената што врескала, која не можел да ја види, всушност била неговата мајка. Тој изброил 19 другари од ќелијата кои умреле од болест, тортура или запоставување за само еден месец.

Од падот на Асад, многу медиуми се преплавени со слики на бунтовници кои ги отвораат затворите, збунети затвореници кои се сопнуваат низ отворените врати, плачливи жени кои трепкаат на дневна светлина и дете кое излегува од отворената ќелија.

На снимката се гледаат мажи како дупчат низ челичните плочи за да ги откријат подземните делови од затворот, во кој се сместени илјадници луѓе. На видеото објавено од турски новинар на мрежата Х, се гледа како група ослободени затвореници трчаат по улиците. Еден од нив го прашува камерманот: „Десет години бев во затвор, што се случи?“.

Друг човек, кој го видел ослободувањето на затворениците, рече дека некои од нив биле таму толку долго што мислеле дека биле ослободени од поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, кој беше погубен во 2006 година.

Ништо не ја претставува бруталната, садистичка природа на режимот на Башар ал-Асад како неговите затвори. Тие биле и симбол и алатка на насилството и репресивната тактика на режимот.

Резултатот бил систематска кампања на апсење на сите оние кои режимот ги сметал за непријатели, без разлика дали биле демонстранти, бранители на човекови права, политички неистомисленици, лекари кои лекувале демонстранти, лидери на опозицијата или членови на семејствата на сите споменати.

Затворите, на крајот, се споменици на државното насилство и сузбивање на опозицијата. Мачење, силување и убиства, каде режимот ги вршел овие ужаси без дискриминација - врз мажи, жени и деца. Овие затвори се озлогласени не само во Сирија, туку и на целиот Блиски Исток, а обемот на злосторствата е запрепастувачки.

Сириската мрежа за човекови права тврди дека од почетокот на сириската револуција во март 2011 година, над 157.000 луѓе исчезнале во овие затвори. Меѓу исчезнатите имало 10.221 жена и дури 5.274 деца.

Садизмот е зачудувачки. Новата снимка од еден од затворите покажува направа за мачење која потсетува на средновековна направа за кршење коски и егзекуција на затвореници. Мрежата за човекови права документирала 72 различни методи на тортура што ги користел режимот.

Тие вклучуваат електрични шокови на гениталиите или обесени тегови на нив, горење со масло, метални шипки, барут или запаливи пестициди, дробење глави помеѓу ѕидот на келијата и вратата, прободување со игли или метални шилци, лишување од облека, капење, санитарни услови и така натаму...

Трамп најавува крај на „трансродовиот делириум“

Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило.

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре, како што рече, трансродовиот делириум во САД.

Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, тој рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои ќе се ставело крај на како што го дефинираше, сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучеле трансродовите лица од војската и училиштата.

-Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило. И ќе потпишам извршни наредби да се стави крај на сексуалното осакатување на децата. Да го тргнеме трансродовото надвор од војската и надвор од нашите основни и средни училишта.И ќе ги држиме мажите надвор од женските спортови. Тоа исто така ќе биде направено на првиот ден, рече новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп во обраќањето.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Нема веќе како до сега, правдата доаѓа.

На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа.

По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски.

Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем.

Македонија се трансформира!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Канал 5 дознава: Сопственик на Ритрон Копи од Куманово е приведен од финансика полиција

Наш извор потврди дека не се уапсени лице од Финансиската полиција, туку спортивно, вработени од оваа институција го привела сопственикот на кумановската Ротрон Копи, која е поврзана со случајот „Државна Лотарија“

Нашиот извор потврди со највисока сигурност дека текстот е погрешен и дека Управата за Финансиска Полиција на Македонија го привела сопственикот на фирмата Ритрон Копи од Куманово која во изминатиот период успешно учествувала на јавните повици организирани од страна на Државната Лотарија, во период кога со оваа државна компанија управувал Перпарим Бајрами кој сега е во бегство.

притисни ентер