Во Велес земени маркери од лицата кои контактирале со тројцата заболени од Ковид-19

Кризниот општински штаб во Велес на вчерашната седница констатирал и ја потврдил бројката на три лица заболени од корона вирус на територијата на општината.

Воедно во текот на вчерашниот ден обезбедил и просторија за Мобилната екипа на Центарот за јавно здравје за земање на брис на лицата кои биле во контакт со лицата кои се веќе потврдени носители на вирусот. Испитаните маркери биле испратени на испитување до Министерството за здравство.

Кризниот штаб одлучил дека во зависност од добивањето на резултатите за новонастанатата состојба преку Министерството за здравство, Општина Велес ќе побара од Владата на РСМ мерка со која ќе се затворат сите влезови во град Велес.

Тие констатирале дека сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста за вршење на дезинфекција на возилата при влезот во градот. Истата не се реализирала поради недоволен број човечки и технички ресурси и Општинскиот кризен штаб заклучил да се изнајде начин и решение за реализација на истата.

Кризниот штаб донел одлука сите граѓани кои се отпуштени од своите работни места, а припаѓаат во групата социјално загрозени семејства може да достават барање за доделување еднократна парична помош во архивата на Општина Велес.

Воедно Општина Велес ќе отвори специјална наменска сметка за сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одговорни компании и други, каде можат да донираат финансиски средства, а истите ќе бидат наменети за обезбедување на храна и други неопходни продукти на семејства или поединци кои ја изгубиле својата работа поради новонастанатата (вонредна) состојба. Воедно, заинтересираните физички или правни лица можат, исто така, да донираат и неготвена храна (конзервирана, пакувана со подолг рок на траење) наменета за горенаведената категорија на граѓани.

Пункт за собирање на оваа намена ќе биде лоциран во ОУД „Лазар Лазаревски", Велес, а донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

Касарната „Алексо Демниевски Бауман" е понуден како простор што е уреден и може да се искористи за изолација, а Општина Велес да пристапи кон санација на санитарниот чвор.

Општина Велес ја разгледува можноста и за обезбедување финансиски средства за набавка на заштитна опрема на здравствените работници во ЈЗУ Општа болница Велес, Центарот за јавно здравје и ЈЗУ Здравен дом;

Кризниот штаб препорачува на претставниците на Советите на заедниците (колективни станбени згради) да изнајдат начин да извршат дезинфекција на заедничките простории во своите објект,како и ослободување на вработените во училиштата кои ротираат од работните места.

Директорите на училиштата се задолжуваат на училишните интернет страниции на видно место во училишната зграда да објават податоци за отворен контакт телефон и лице и соодветна електронска пошта каде родителите ќе можат да добијат потребни информации за издавање на потврди или спроведување на учење од далечина он-лајн настава.

Од Општинскиот Кризен Штаб штаб апелираат до граѓаните да се почитуваат препораките од Министерството за здравство за новонастанатата состојба во градот.

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало со обвинение дека претседателот се дрогира

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја обвини шпанската социјалистичка влада дека ја загрозува средната класа со политики „кои носат само сиромаштија и смрт“.

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил дека Милеи бил под дејство на дрога за време на кампањата.

„Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез треба да се занимава со поважни прашања, како што се обвинувањата за корупција изнесени против неговата сопруга, прашање што дури го натера да размисли за оставка“, напиша Милеи во официјалното соопштение од Канцеларијата на Претседател на Република Аргентина.

Расправијата меѓу Буенос Аирес и Мадрид започнала откако шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте вчера сугерирал дека Милеи бил под дејство на дрога за време на телевизиските настапи.

Милеи, самонаречен десничарски слободар, исто така ги критикуваше договорите на Санчез со баскиските и каталонските сепаратисти, велејќи дека шпанскиот премиер „го загрози единството на Кралството, склучувајќи договори со сепаратистите и доведе до распаѓање на Шпанија“.

Тој додаде дека илегалната имиграција во Шпанија ја загрозува безбедноста на жените. Шпанската влада денеска категорично ги отфрли тврдењата на аргентинскиот лидер, велејќи дека таквите тврдења „не одговараат на односите на две братски земји и народи“.

Односите меѓу Шпанија и Аргентина се заладија откако Милеи дојде на власт минатиот декември, пишува Politico. Аргентинскиот лидер јавно ја поддржа шпанската десничарска опозициска партија Вокс.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

притисни ентер