Во Велес синоќа концерт одржа ансамблот на Пеце Атанасовски

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ синоќа во Велес концерт одржа ансамблот на „Пеце Атанасовски“ во придружба на женската пејачка група. Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани,тамбура и други на кои свират преработки на македонска народна музика.

Концертот беше посветен на чалгијата која ја музицира староградската музика, а во дел од концертот имаше и изворни песни од македонските села.

- Целта ни е оваа музика да ја оживееме и вратиме од заборав за новите генерации да ја слушнат и засакаат, изјави Ристе Солунски, раководителот на ансамблот кој свири гајда и кавал.

Ансамблот на Пеце Атанасовски каде што и тој учел свирење постои дваесет години, од кои десетина години не свиреле.

- Повторно заживува последниве години,а целта е да продолжи да ја популаризира изворната македонска музика од македонските села и градови.Досега има издадено еден албум,а во планови е да издаде и нов,појасни Солунски.

На синоќешниот концерт настапи и женската пејачка група составена од три, а синоќа настапија двете вокалистки, Ружица Кочовска и Инес Стаменковска Ристеска.

- Ние како и поголемиот дел од членовите на нашиот ансамбл сме аматери вљубеници во музиката освен еден член а кој е академски музичар и нашето музицирање е од љубов кон изворната народна музика. Целта ни е преку нашите настапи и концерти да ја негуваме автентичната македонска традиционална музика, изјави Инес Стаменковска Ристеска.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер