Во Велес ќе се одржат 51. Детски Рацинови средби

Свеченото отворање на манифестацијата  51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е  денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека.

Свеченото отворање на манифестацијата 51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека, каде ќе бидат врачени наградите на најдобрите ученици по распишаниот литературен и ликовен конкурс „Рацин, денес, вчера утре", а ќе се одржи и културно уметничка програма.

Програмата ќе започне претладнево во медиотеката на Градската библиотека со Поетска работилница и доделување пофалници на учесниците, а во исто време во Ликовниот салон учениците ќе изработуваат постер на тема „Рацин, денес, вчера, утре", а ќе им бидат доделени и пофалници.

Потоа учесниците-ученици од голем број основни и средни училишта од повеќе градови од земјава, ќе му се поклонат на големиот Рацин на двата споменика, во центарот на градот и пред гимназијата која го носи неговото име.

Програмата ќе продолжи во ООУ „Блаже Конески" со „Поетско перо низ страниците на детските списанија".

Веднаш потоа во „Сокачето на поезијата" пред Спомен куќата на Рацин ќе се одржи Поетско читање на наградените творби.

Во тие рамки внатре во неговата Спомен куќа, учесниците на средбите ќе ја посетат и ликовната изложба и грнчарската работилница.

Тие ќе можат да се запознаат и со грнчарското колце на кое стомни и други грнчарии правел и поетот кој бил и грнчар според традицијата на неговото семејство Солеви кои биле познати грнчари во градот.

Детските Рацинови средби ги организираат Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" и Општина Велес,а во рамките на програмата за одбележување на 9-ти Ноември Денот на ослободување на Велес.

Детските Рацинови средби во Велес ќе продолжат утре – среда со „Поетски караван" со учество на познати македонски писатели за деца со читање своја поезија низ велешките основни и средни училишта, интернатот и детската градинка.

Средбите ќе завршат со промоција на публикацијата „Кочо Рацин-живот и дело" од авторите Павлина Василева и Марин Клифов што е закажана во Спомен куќата на Рацин, а за што ќе говори Васил Тоциновски.

Инаку, Коста Солев Рацин со својата стихозбрика „Бели Мугри" отпечатена во 1939 година во Самобор Хрватска е најпреведува македонски автор на сите светски јазици. /МИА

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер