Во Стоби изведена „Медеа“ на ансамбл од Казахстан

Музичко театарскиот центар „Ајгил Иманбаева“ од Казахстан синоќа на сцената во античкиот амфитеатар во Стоби во рамките на 13-от ИФАД „Стоби“ ја изведе претставата „Медеа“ на авторот Жан Ануи, во режија на Куандик Касимов.

Со силни емоции актерите раскажаа за кризата во односите помеѓу еден маж и жена, кои без своја волја се вмешуваат и ја предвидуваат сопствената смрт.

Познатиот казахстански режисер Каундик Касимов кој оваа претстава премиерно ја постави во 2011 година и така го означи стартот на овој театар, по претставата на прес- конференицијата појасни дека за нив гостувањето во античкиот Стоби било посебно искуство.

- Се беше одлично, атмосферата, публиката, се околу нас. Бог ни помогна вечерва, се ни одеше во прилог, времето, ветерот што дуваше, се беше во наша корист и брилијантно ,потенцира Касимов.

Тој појасни дека оваа претстава која има освоено награди на фестивалите во Крим и на фестивалот „Славеј“ во Белград, претрпела неколку измени со изведбите во Украина, Србија, а изведбата во Стоби била најдобрата верзија, потенцира Касимов.

Според него, во Казахстан се посветува посебно внимание на античките текстови и многу често тие добиваат посебен третман во репертоарите ги играат Софокле, Жан Ануј, Еврипид...

Во улогата на „Медеа“ актерката Ајгил Иманбаева појасни дека е тешко да се биде Медеа, затоа направила големо истражување читајќи ги текстовите од различни автори, обидувајќи се да разбере во што е приказата и како да го претстави карактерот на Медеа.

- Казахстанскиот театар е различен од другите, големо внимание се посветува на лицето и движењата на телото и лицето и преку тоа најголем дел од емоциите се пренесуваат во театарските претстави, појасни актерката Ајгил Иманбаева.

Со настапот на Музичкиот театарски центар – Ајгил Иманбаева од Казахстан синоќа заврши натпреварувачкиот дел од ИФАД „Стоби“ во Стоби.

Вечерва жири комисијата во конкуренција на четири претстави три од Македонија и една од Казахстан ќе ги додели наградите на фестивалот, гран при за најдобра претстава, за најдобра режија и најдобра женска и машка улога.

Во чест на наградените велешкиот Народен театар „ЈХК – Џинот“ ќе ја изведе претставата „Кралот Лир“.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

притисни ентер