Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци. 

На подрачјето на градот Скопје во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција, додека во текот на денот ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Фицо го поздрави Орбан за посетите на Киев и Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавност откако беше тешко повреден во обид за атентат и одржа говор за време на вечерната прослава на Денот на Кирил и Методиј кој е државен празник во Словачка.

Во својот говор тој го пофали својот унгарски колега Виктор Орбан за неговите посети на Киев и Москва оваа недела.

- Сакам да изразам восхит кон унгарскиот премиер што не се двоумеше да ги посети Киев и Москва. Ако здравјето ми дозволеше да патувам, со задоволство би му се придружил, изјави Фицо.

Словачкиот премиер беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула со неколку куршуми на 15 мај по состанокот на владата во градот Хандлова. Фицо потоа беше опериран и во последните недели закрепнуваше дома.

Орбан вчера пристигна во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Потегот на Орбан предизвика незадоволство кај лидерите на Европската унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија.

Орбан изјави дека Унгарија може да стане единствената земја во Европската унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина. Претходно тој го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Јуниорската селекција на Македонија минимално поразена од Црна Гора

Машка кошаркарска репрезентација до 18 години на Македонија загуби синоќа во Скопје од соодветната селекција на Црна Гора со 92:90 на стартот од подготовките за настап на претстојното Европско првенство во Б дивизијата.

Македонската репрезентација на дуелот против Црна Гора беше во константно водство до завршните четири минути, кога противникот со серија од 8-0 поведе со 88:83 и во неизвесна завршница ја зачува предноста.

Најефикасен во македонските редови беше Марко Луканоски со 14. поени, а додаде и 14. Скокови.

Двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, кој е закажан за попладнево со почеток од 14. часот, на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Со двата контролни натпревари против Црна Гора избраниците на селекторот Горан Андреевски ги стартуваат подготовките за настап на Европското првенство во Б дивизијата кое од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Скопје.

Српската полиција открила 12 килограми марихуана во возило кое влегло од Македонија

Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Македонија.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за гранична полиција и Полициската управа во Врање откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јави дописникот на МИА од Белград.

- Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана, соопшти МВР на Србија.

Во истрагата се вклучени дежурен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање и полициски службеници.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

притисни ентер