Во секси фустан на бина со екс сопругот !!

Атрактивната пејачка , 47- годишната Џенифер Лопез во блескаво издание се појави на концертот на својот екс сопруг Марк Ентони.


Убавата Џенифер во распродадената сала во Њујорк „ Radio City Hall", блесна во секси фустан со длабоко деколте и голем шлиц.

Латино убавицата инаку е се уште во одлични односи со својот поранешен сопруг Марк Ентони со кого ги има близнаците Ема и Макс.

На сцената во преполната сала ја исполнија песната „ No Me Ames“, дуелот кој го снимија пред 18 години , песна која го одбележа почетокот на нивните кариери.

Хамас: Предлогот за прекин на огнот во три фази, Бајден посветен на спроведување на договорот

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што ќе вклучи повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за да го подели Појасот Газа на северен и јужен дел.

Египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа со кој се согласи палестинската милитантна група Хамас вклучува три фази, од кои едната е постојан прекин на огнот, рече заменик-лидерот на Хамас, Калил Ал Хаија, додавајќи дека посредниците пренеле дека американскиот претседател Џозеф Бајден е лично посветен на спроведувањето на договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џезира.

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што ќе вклучи повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за да го подели Појасот Газа на северен и јужен дел.

За време на првата фаза, раселените Палестинци ќе се вратат во своите домови, ќе им биде дозволена испорака на помош, гориво и материјали за помош на цивилите, а за секоја заложничка која би ја ослободил Хамас, Израел да ослободи 50 палестински затвореници.

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со францускиот колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Париз.

На 10 мај се очекува итна специјална седница на Генералното собрание на ОН на тема прием на Палестина во Обединетите нации.

Палестина има статус на набљудувач во ОН, додека Израел е полноправна членка на организацијата од 1948 година.

Во општина Чашка-Велешко приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

Две лица од село Мелница во општина Чашка, се приведени попладнево поради основи на сомнение за поткуп при избори, откако по направени претреси во нивните домови се пронајдени оружје, пари и списоци за гласање.

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес попладнево во 15:20 часот го лишиле од слобода 52-годишниот И.И. од село Мелница, Општина Чашка.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, денеска, во 17:00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода 50-годишниот А.Ч. од село Мелница, Oпштина Чашка, информира вечерва Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Имено при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986.670 денари во разни апоени и 2.325 евра во разни апоени.

А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Велес.

Претходно, вечерва, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 објави статус на неговиот Фејсбук профил за обид за поткуп на гласачи од страна на активисти на ДУИ.

-Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, пишува Ковачки.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на избори, а за активистите на ДУИ дека ќе одговараат за поткуп за што следува казна затвор.

притисни ентер