Во Салвадор запленети 750 килограми кокаин

Околу 744 килограми кокаин, проценет на над 18 милиони долари, е запленет во Салвадор во операција за разбивање на шверцерска мрежа што работи на плажите во земјата, соопштила канцеларијата на државниот обвинител.

Шверцерите на дрога дејствувале во регионите Ла Паз и Сан Мигел, на истокот на земјата лоцирани помеѓу Хондурас и Гватемала. Во операцијата биле уапсени девет лица, вклучително и државјанин на Гватемала.

Акцијата ја водела полицијата за борба против злоупотребата на дрога врз основа на информации дека се шверцувале големи количини на дрога на плажите во двата региона во Пацификот, соопштила канцеларијата на обвинителот. Дрогата била запленета во објекти на плажа, каде биле пронајдени и неколку пушки и пиштоли, штѕ исто така биле запленети.

Администрацијата на Бајден најави високи нови царини за увоз од Кина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека СAД ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.

Вашингтон, исто така, ќе ги зголеми тарифите за медицински производи или пристанишни кранови покрај претходно најавените зголемувања на тарифите за кинескиот челик, алуминиум и електрични возила, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Белата куќа соопшти дека промените ќе влијаат на околу 18 милијарди долари во тековниот годишен увоз и дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштити американската индустрија од нелојална конкуренција.

Нападнат полициски конвој во Франција кој превезувал затвореник, кој побегнал со напаѓачите

Двајца полицајци загинаа, а тројца се потешко повредени во напад на полициски ковој кој превезувал затвореник во Франција.

Според извештаите на француските медиуми, по нападот затвореникот избегал заедно со напаѓачите. Инцидентот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа кај Руан, по што автопатот е затворен во двата правци. затвореникот требало да биде вратен во затвор, по судско сослушување.

Според засега не потврдени информации , тамошните медиуми пишуваат затвореникот заедно со напаѓачите побегнале со автомобил, кој подоцна бил пронајден запален, недалеку од местото на инцидентот.

Министерот за внатрешни работи на франција преку социјалните мрежи соопшти дека се трага по напаѓачите и затворнеикот, и дека се мобилизирани стотици полициски службеници.

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени . 

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Голем е интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат. Според поедините информации на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

притисни ентер