Во САД за 150 дена биле дадени 300 милиони дози вакцини, соопшти Белата куќа

Во САД се дадени 300 милиони дози вакцини против коронавирус за 150 дена, објави Белата куќа.

„Кога претседателот Бајден ја презеде функцијата пред 150 дена, повеќе од 3.300 Американци умираа секој ден, а повеќе од 185.000 граѓани се заразуваа дневно, додека во економијата беа изгубени милиони работни места “, се вели во соопштението на Белата куќа.

Како што се додава, денес, благодарение на стратегијата на Бајден за борба против ковид-19, вирусот се повлекува. За 150 дена биле дадени 300 милиони дози вакцини, бројот на новозаболени и смртни случаи опаднал за повеќе од 90 проценти, а економијата доживува најсилно закрепнување во последните неколку децении.

„Резултатот е јасен: Америка повторно почнува да личи на Америка и влегува во летото со радост и слобода“, соопшти Белата куќа.

Повеќе од 175 милиони Американци досега примиле барем една доза на вакцина, а 55 милиони возрасни лица се целосно имунизирани.

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А.

Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал.

Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи. /МИА

Британски боксер почина во рингот

 Британскиот боксер во средна категорија Шериф Лавал (29) почина откако беше нокаутиран на своето професионално деби во неделата.

Како што пренесуваат денеска англиските медиуми, Лавал бил нокаутиран по удар во слепоочницата во четвртата рунда од борбата против Португалецот Малам Варела во Лондон.

„За жал, Шериф колабираше за време на неговата борба и почина и покрај најдобрите напори на лекарскиот тим“, соопштија организаторите на борбата од „Ворен Бокс Менаџмент“.

Британската боксерска федерација упати сочувство до семејството на 29-годишниот Лавал. /МИА

Мелинда Гејтс ја напушта фондацијата на нејзиниот поранешен сопруг Бил

Мелинда Гејтс, која ја предводи една од највлијателните филантропски фондации во светот, денеска соопшти дека ќе ја напушти.

Таа ја основа таа организација наречена Фондација Бил и Мелинда Гејтс со нејзиниот сега поранешен сопруг Бил во 2000 година.

Како што напиша на својот профил на X, таа е „неизмерно горда“ на работата на Фондацијата.

Последниот ден на Мелинда Гејтс во оваа организација посветена на здравствената заштита и намалувањето на сиромаштијата ќе биде 7 јуни. /МИА

притисни ентер