Во сабота нова рунда преговори за Законот за ЈО

Власта и опозицијата во сабота седнуваат на нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство, на која се очекува да се најде и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

Хамас тврди дека негова делегацијата оди во Каиро за да разговара за примирје во Газа

Делегација на исламската милитантна група Хамас денеска ќе замине за Каиро за да ги продолжи разговорите за можен договор за прекин на борбите во Газа, соопшти групата доцна синоќа, пренесе ДПА.

- Додека го нагласуваме позитивниот дух со кој раководството на движењето одговори кога го проучуваше предлогот за прекин на огнот што го доби неодамна, одиме во Каиро во истиот дух за да постигнеме договор, се вели во соопштението на Хамас.

Се додава дека Хамас и „палестинските сили на отпорот се решени да го созреат договорот, на начин што ќе ги исполни барањата на нашиот народ за целосен прекин на агресијата, повлекување на окупациските сили, враќање на раселените, олеснување за нашите луѓе, почеток на реконструкција и комплетирање на сериозен договор за размена“.

Според извор од Хамас, има уште некои точки кои треба да се разговараат и имало потреба од повеќе појаснувања. Откако тие ќе се разјаснат, движењето ќе го објави својот конечен став.

- Но, можам да ви кажам и според изјавата што штотуку ја испрати движењето, одговорот ќе биде позитивен, изјавил изворот од Хамас за ДПА.

Месечното посредување на Египет, Катар и САД меѓу Израел и Хамас допрва треба да резултира со пробив. Во последните денови се интензивира и дипломатскиот притисок за постигнување договор.

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Израелски копнен напад врз градот Рафа на крајниот југ на Појасот Газа, каде што хуманитарните групи проценуваат дека се засолниле 1,2 милиони Палестинци, може да заврши со „крвопролевање“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X напиша дека напад врз Рафа може да има „страшни последици“.

- СЗО е длабоко загрижена дека целосната воена операција во Рафа може да доведе до крвопролевање и дополнително да го ослабне и онака кревкиот здравствен систем, напиша Гебрејесус.

притисни ентер