Станува збор за необичен природен феномен кој претставува опасност и за најискусните капачи - „коцкасти бранови“ или „разбрането море“.
Повеќето ги замислуваат брановите како мирно се „тркалаат“ кон брегот, во релативно прави линии. А како би реагирале на глетката на морето „поделено“ како шаховска табла?
Дури и искусните пливачи можат да бидат во опасност во одредени услови, а експертите советуваат веднаш да се излезе од водата во случај на „коцкасти бранови“, пренесува LadBible.
Тие изгледаат убаво и се создадени од два бранови системи кои се среќаваат под агол поголем од 45 степени.
Сепак, она што се случува под површината е помалку убаво и може да доведе до несреќи. Водните струи можат да бидат сериозна закана за капачите, сурферите, па дури и за помалите пловни објекти.
Овие бранови можат да се формираат за неколку минути и да достигнат висина до три метри, а исто толку брзо можат да исчезнат. Инаку, феноменот обично се поврзува со силни и локализирани плими.
„Коцкастите бранови“ често се појавуваат во Франција, јужниот дел на Тихиот Океан, Атлантскиот Океан и на други места, па затоа внимавајте на нив без разлика каде се наоѓате.