Во подрум пронајдено загубено руско богатство, злато, слики, икони...

Во тајна просторија во еден подрум пронајдено е загубено руско богатство, златни прачки, слики, икони .

Научниците од Националниот универзитет во Узбекистан откриле во една од зградите во историскиот дел на Ташкент богатство вредно повеќе од милион долари . Досега се сметало дека овие предмети биле загубени пред најмалку 80 години.

Загубеното руско богатство е пронајдено во тајна просторија која се наоѓала во подрумот на една од зградите.

Стручњаците откриле и експонати од колекцијата на дворецот на Романови во Ташкент од 1918 година и предмети кои им припаѓале на жртви на репресијата а Сталин и на руски научници, членови на царското семејство кои се преселиле од Европа и Санкт Петербург во Узбекистан.

Меѓу пронајдените предмети се и златен микроскоп од 19 век, златни пари, вредни книги, ракописи, слики, икони...

ДИК одлучува за поднесените приговори од парламентарните избори

Со кавги и меѓусебни обвнувања за опструкции членовите на Државната изборна комисија почна со одлучување по приговорите за парламентарните избори. 

Потпретседателката на комисијата Дитмире Шеху која беше предлог за член на комисијата од ДУИ, бараше да се отфрлат приговорите на коалицијата Вреди и на СДСМ, оти не биле поднесени од овластен поднесувач.

-Од ова може слободно да заклучиме дека приговорите на Влен не биле уредно доставени и согласно Изборниот законик се знае како се постапува понатаму со овие приговори,- изјави - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.

За мнозинството членови не беше спорно кој ги донел приговорите на шалтер во просториите на ДИК туку кој е потпишаниот поднесувач, по што дојде до расправија.

-Поднесување е овластување и потпишување од овластено лице. Да бидеме сериозни со вакви опструкции на работата на комисијата ве молам немојте да манипулирате,- изјави – Борис Кондарко – Член на ДИК.

-Нема да толерирам навреди од член на ДИК, без разлика дали сум жена од друга националност,- изјави - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.

Коалицијата Вреди има 9 приговори. Тие бараат прегласување на избирачко место во Желино поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите.

-Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит,- изјави – Сенат Амети – Претставник на Вреди.

Освен приговорите на Вреди за избирачки места во петата изборна единица, сепак главната битка ќе се води во шестката. За избирачки места кои се дел од 6 ИЕ како Битола, Кичево и Струга, социјалдемократите поднесоа пет приговори. Таму ДУИ доби околу сто гласа повеќе од СДСМ а сто тоа и еден пратеник повеќе. Осум приговори за оваа изборна единица поднесе и ВМРО ДПМНЕ која во петката е блиску до уште еден пратенички мандат.

Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците ќе се појават на крајот на ноември

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години.

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. '

„За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката“, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

Филипов: Не може отсега да предвидиме како ќе реагира меѓународната заедница

Со употребата на терминот Македонија, претседателката Силјановска Давкова не погреши – смета поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

Според него, со потписот, таа потврдила дека ќе го почитува Преспанскиот договор.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер