Во Нигерија почна првото судење на хомосексуалци , им се закануваат десет години затвор

Денеска во Нигерија започна судски процес против 47 мажи за јавно прикажување љубовни чувства кон луѓе од ист пол, прекршок што може да резултира со затвор до 10 години, пренесува „Гардијан“.

Обвинетите се дел од групата од 57 лица уапсени од полицијата во 2018 година за време на рација во хотел во сиромашниот дел од главниот град Лагос. На расправата минатиот месец, сите обвинети изјавија дека се невини. Ним им се суди според законот што стапи во сила пред пет години, со кој се забрануваат истополовите бракови и истополовите сексуални односи.

Ксенарх Мохамед, извршен директор на Иницијативата за еднакви права, рече дека законот се користел во минатото за да вознемируваат и уценуваат геј луѓето.

„Мажите и жените беа затворани за време на разни собири, но тие никогаш не завршуваа на суд“, рече Мохамед.

Сега полицијата тврди дека уапсила мажи додека влегувале во геј клуб. Но, тие тврдат дека биле на роденденска забава. Законот за забрана на истополов брак, кој ги забранува геј-односите и промовира сексуална нетрпеливост во нигериското општество, беше потпишан во јануари 2014 година од тогашниот претседател Гудлак Џонатан. Законот предизвика меѓународен револт и беше осуден од глобалните организации за човекови права и западните влади.

Денес и утре се одржува расправата на која обвинителите ќе го претстават својот случај. Судскиот процес се очекува да трае неколку месеци.

Инаку, хомосексуалноста е нелегална во скоро сите африкански земји. Во некои од нив, геј луѓето може да завршат во доживотен затвор или да бидат осудени на смртна казна.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер