Во мозокот на клинички мртвите луѓе е забележана необична активност

Кога хирурзите почнаа да му ги сечат градите на 80-годишниот Обри Остин кој доживеал срцев удар во декември 2020 година, тој одеднаш станал свесен за сè што се случува околу него.

„Им реков да почекаат и да ми дадат уште анестезија. Набрзо сфатив дека не сум во иста димензија како нив и дека не можат да ме слушнат. Лебдев над операционата маса. Видов како лекарите сакаат да ми го извадатр срцето и ме оперираат. Потоа слушнав како некој вели - бубрези“, рече Остин.

„Двата бубрега престанаа да работат во исто време. Знаев дека сум готов. Потоа отидов на следното ниво. Стигнав до Бога, зад него беше светлина. Светлината на таа светлина беше посилна од сѐ што сум видел на Земјата , но тоа не беше заслепувачко“, додаде тој.

"Се појави прекрасен ангел и ме тешеше и ми рече дека сѐ ќе биде во ред и дека треба да се вратам. Сега знам дека ме вратија да им кажам на другите што сум доживеал", рекол Остин, кој сега има 82 години.

Остин доживеал феномен познат како искуство во близина на смртта (NDE). Може да се појави за време на клиничка смрт, односно кога срцето на една личност ќе престане да работи и повеќе не дише. NDE не е секогаш поврзан со срцев удар, тоа може да биде мозочен удар, сообраќајна несреќа или која било друга ситуација во која пациентот, според клиничките стандарди, веќе некое време не е меѓу живите.

Сè уште нема многу информации за тоа што точно се случува во мозокот во последните моменти од нашиот живот. Само минатата година, експертите за прв пат детално ги снимиле мозочните бранови на лице што умира и забележале скок во еден конкретен тип на мозочна активност, гама брановите, заедно со промените во другите фреквенции.

Во една студија објавена во мај оваа година, научниците исто така забележале сличен наплив на краткорочна гама активност кај двајца од четворица пациенти на кои им била симната поддршката за живот, пишува Science Alert.

Иако пред неколку децении научната заедница мавташе со раце за ваквите искуства, наведувајќи дека тоа веројатно биле халуцинации кај мал број луѓе, неодамна тие се сметаат за легитимни - во смисла дека е прифатено дека пациентите навистина ги доживуваат и дека тоа е прилично распространет феномен.

Имено, откако во 1960 година е измислена кардиопулмоналната реанимација, попозната како CPR, милиони луѓе пријавиле искуства кои би можеле да се класифицираат како NDE.

Научниците во новата студија, во која докторот Сем Парнија од здравствената болница NYU Langone во Њујорк, кој го истражува овој феномен долги години, се обидел да открие „скриена свест“ за време на клиничката смрт со мерење на електричната активност во мозокот.

„Многу пациенти зборуваат за истото искуство. Лекарите како мене мислат дека личноста е мртва во тој момент и се обидуваат да ја оживеат, а потоа чувствуваат дека нивната свест станува посилна и дека размислуваат поостро. Тие чувствуваат дека се одвоиле од нивното тело, можат да ги видат и слушнат лекарите и медицинските сестри и да кажат што правеле“, рече Парнија, пренесува Си-Ен-Ен.

Покрај тоа, пациентите кои доживуваат NDE често ги преиспитуваат своите животи, се сеќаваат на мислите, чувствата и настаните што веќе ги заборавиле и се гледаат себеси во морална смисла. Тие, исто така, можат да тврдат дека виделе некоја форма на божественото, за кое Парнија вели дека може да се толкува на различни начини.

„Ако сте христијанин, ќе кажете дека сте го виделе Исус, а ако сте атеист, дека сте сретнале неверојатно суштество полно со љубов и сочувство. Сето ова се пишува повеќе од 60 години“, рече Парнија. .

Како дел од најновото истражување, тимови од обучен персонал следеле лекари кои работеле со клинички мртви пациенти во 25 болници во САД, Обединетото Кралство и Бугарија.

Додека лекарите вршеле CPR, тимовите прикачиле уреди кои мерат кислород и електрична активност на главата на лицето што умира. Просечниот обид за реанимација траел помеѓу 23 и 26 минути. Сепак, некои лекари продолжиле да вршат CPR еден час.

„Немаше движења , видовме скокови - појава на електрична активност на мозокот, истата онаа што ја имаме кога зборуваме или се концентрираме длабоко“, вели Парнија.

Тие пикови вклучуваат гама, делта, тета, алфа и бета бранови, според студијата. За жал, само 53 пациенти преживеале од 567 кои доживеале клиничка смрт и на кои им била измерена мозочната активност, односно 10% од нив.

Научниците разговарале со 28 од нив за можна појава на какво било искуство при реанимација. Само 11 пациенти пријавиле дека биле свесни за време на CPR, а шест пријавиле искуство блиску до смрт.

Но, не сите експерти се убедени во резултатите од истражувањето, кои за прв пат биле презентирани на научни состаноци во ноември 2022 година.

„Медиумите го разнесоа овој најнов извештај за мозочните бранови по срцев удар. Всушност, не е докажана никаква поврзаност помеѓу мозочните бранови и свесната активност“, рече д-р Брус Грејсон од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија.

„Тоа е, оние пациенти кои имале искуства блиску до смрт немале скокови во мозочните бранови, а оние кои имале не пријавиле NDE“, објасни Грејсон. Парнија одговори на тој коментар и изјави дека е точно дека студијата не успеала да ја поврзе електричната активност со искуството блиску до смрт кај истиот пациент.

"Немавме доволно голем примерок. Повеќето од испитаниците не преживеаја реанимација. Покрај тоа, оние кои преживеаја често имаат фрагментирани сеќавања или забораваат што доживеале поради тешките седативи што ги добиваат на интензивна нега", вели Парнија.

„Недостапноста на записите не значи дека нема свест. Тврдиме дека оваа област е голема непозната. А клучната работа е што не се работи за халуцинации, туку за вистински искуства кои доаѓаат со смртта“, додаде тој.

Истражувањето Аwareness during Rеsuscitation - II: A multi-center study of consciousness and awareness in cardiac arrest е објавено во списанието Resuscitation.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер