Во Москва манифестација посветена на македонската култура

Во рамките на проектот „Читај ја Македонија!”, поддржан од Министерството за култура на РМ, во организација на Олга Панкина, на 19 април во Москва, во Државната установа Московски дом на националностите, ќе биде одржана тркалезна маса на која ќе учествуваат писатели, преведувачи, истражувачи на литературата, издавачи, професори и студенти кои изучуваат словенски јазици.

Во програмата предвиден е разговор на тема „Книжевниот превод како мост меѓу културите“ а потоа ќе биде презентиран портрет на академик Милан Ѓурчинов, историчар на литературата, критичар и антологичар, познавач и толкувач на руската литература, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Важен сегмент во програмата на оваа манифестација ќе биде претставување на најновите преводи на руски на делата од македонски писатели објавени од издавачките куќи Центар за книга „Рудомино“, „У Никитских ворот”, „Центрполиграф”, Институт за славистика на РАН, како и во списаниjата „Иностранаја литература”, „Великорос”, „Сегашно време” (Настоящее время), „Пливачки мост” (Плавучий мост).

На 23 април во соработка со Центарот за словенски култури во Серуската државна библиотека за странска литература ќе се одржи Ден на македонската книга на руски. Ќе биде отворена изложба на книги од македонските автори (на македонски и во превод на руски). Предвиден е и разговор со писателката Лидија Димковска./МИА

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.

На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.

-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

притисни ентер