Во Москва литературна средба „Малку за Македонија и за нејзините жени-писатели“

Главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. 

Во Москва вчера е одржана литературната средба во рамки на отворениот проект „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи.

Овој пат, соопшти денеска Панкина, главно внимание му било посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели кое помалку им е познато на читателите. Олга Панкина врз примерите од книгите што ги има преведено на руски ги запознала присутните со афирмацијата и развојот на женското писмо во Македонија.

- Тргна од писателките кои ги положија неговите темели, какошто за пример Драгица Најческа, автор на еден од првите македонски романи напишани од жена, продолжи со романите на Оливера Николова, Тања Урошевиќ, Лилјана Пандева, Оливера Јовановска – се до помладите автори какошто Ксениjа Николова. Нејзините романи „Незадоволна“ и „Емотивен манипулатор“ каде станува збор за современи амбициозни жени кои бараат свое достојно место во животот ги објавија реномираните издавачки куќи „Ексмо“ (2023) и „У Никитских ворот“ (2024), се наведува во соопштението.

Артистите на театарот „Город“ прочитале извадоци од низа романи, што предизвикало големо одушевување и восхит кај публиката. На крајот, се додава во соопштението, на сите заинтересирани Олга Панкина им подарила книги од македонските автори. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер