Во Македонија 147 илјади луѓе боледуваат од ХОББ

Во Република Македонија 147.000 луѓе боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Под мотото „Многуте лица на ХОББ“, утре ќе се одбележи Светскиот ден на ХОББ, а целта е подигнување на свеста, информирање на јавноста за манифестациите, можните последици и превентивните и тераписките можности, со што би овозможиле навремено дијагностицирање и подобрување на грижата за пациентите.

Податоците за амбулантски и хоспитално лекувани болни од ХОББ на Клиниката за пулмологија и алергологија покажуваат тренд на зголемување во последните четири години (2014 година - 3.195 амбулантски и 523 хоспитално лекувани, 2015 - 3.737 амбулантски и 586 хоспитално, 2016 - 4.320 амбулантски и 610 хоспитализации, 2017 - 3.587 амбулантски (20 отсто од сите прегледи) и 654 хоспитализации (што претставува 42 отсто од сите хоспитализирани пациенти).

Во рамки на Клиниката ќе се организира работилница за пациентите со ХОББ, на која ќе им бидат поделени брошури со информации и совети за подобра контрола на болеста, како и едукација за правилно користење на инхалаторната терапија, со цел да се намали честотата на влошувања на болеста, а со тоа да се продолжи и подобри квалитетот на живот на пациентите.

Светскиот ден на ХОББ се организира секоја година од страна на глобалната иницијатива ГОЛД, во соработка со здравствените работници и пациентите со ХОББ во повеке од 50 земји. Клиниката за пулмологија и алергологија секоја година учествува во ова глобално случување, со организација на различни настани од едукативни предавања за пошироката јавност, работилници за пациентите и стручни дискусии.

ХОББ претставува прогресивна но истовремено и превентивна и третирачка болест на белите дробови, која доведува до отежнато дишење, наклонетост кон влошување на респираторните симптоми и низа пропратни сериозни болести. ХОББ е една од најчестите заболувања во светот. Претставува главен растечки здравствен проблем и постепено се искачува на трето место како причина за смрт кај возрасната популација.

Пушењето претставува главна причина за ХОББ. Други ризик фактори се аерозагадувањето, професионалната изложеност на штетни гасови, прашина, хемикалии, генетски фактори, неконтролирана астма итн. Најчестите симптоми на кои се жалат пациентите се отежнато дишење, гушење, недостаток на воздух, кашлица со искашлување на секрет, придружени со слабост, губење на апетит и телесна тежина.

Во Македонија 640 илјади лица се пушачи, односно 37 отсто од населението. Многу случаи на ХОББ можат да се спречат со избегнување на пушење или рано прекинување со оваа навика. Постојат повеке програми со цел контрола на пушењето. ХОББ е заболување кое не може да се излекува, но со современиот третман можат да се олеснат симптомите, да се подобри квалитетот на живот и да се намали ризикот од смрт. Третманот опфаќа прекин со пушење, медикаментозен третман, физичка активност и кислородна терапија.

Според податоците на СЗО, 328 милиони луѓе боледуваат од ХОББ, што претставува 5-10 отсто од светската популација, и тоа 168 милиони мажи и 160 милиони жени. Според последните истражувања на студиите, околу три милиони луѓе годишно умираат од ХОББ. Најголем процент од нив (повеќе од 90 отсто) се случуваат во слабо и средно развиентите земји. /МИА

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер