Во мај ќе бидат готови конаците на манастискиот комплекс „Трескавец"

Во мај ќе бидат готови конаците на манастирот „Трескавец" кај Прилеп кои речиси шест години од опожарувањето се градат, информираат од прилепскиот „Завод и музеј".

Според Благоја Атанасоски, директор на Музејот, фокусот годинава е на заштитата на културното наследство.

-Во мај, како што е и договорот со фирмата која ги изведува работите, конаците на „Трескавец" треба да бидат готови, обновени. Паралелно, два тима работат на истражувањата на живописот и на архитектурата на магерницата и трпезаријата во комплексот и се работи на нивна конзервација. Годинава се очекува тендерот за овие истражувачки работи да биде готов, рече Атанасоски.

Од Музејот признаваат дека претходниот проект за заштита и конзервација на споменикот „Илинден" во Крушево не е во ред и работат на нови проекти.

-На споменикот се работеше последниве две години. Ние презедовме други активности, зашто работите не се изведуваа како што треба. Сега работиме на нови проекти, на керамичкиот, бетонскиот и на витражниот дел. Тоа значи дека годинава нема да биде финална, но работите ќе продолжат барем уште две до три години, објаснува Атанасоски.

Кога станува збор за архитектонското наследство во Крушево, најголемиот број куќи се заштитено културно наследство. Годинава ќе се работи и на овој план.

-Освен тоа, ќе се препокрива црквата „Свети Никола" во мариовското село Манастир, ќе се работи на двете цркви во селото Зрзе, на селската и на манастирската црква. Годинава продолжуваат заштитините и конзерваторски истражувања на античкиот локалитет "Стибера" кој лани го откри ексклузивниот жртвеник, вели Атанасоски.

Прилепскиот музеј смета дека многу е постигнато во промоцијата на културното наследство кај младите генерации. Проектот „Музеите во училиштата, училиштата во музеите" одбележува десетгодишен јубилеј.

-Ова е еден од најуспешните проекти кога станува збор за презентацијата и приближувањето на културното наследство до новите генерации. Најмногу за едукацијата на младите за богатството кое го поседуваме. Интенција на Министерството за култура, уште од лани, е да се сврти вниманието кон заштитата и презентацијата на културното наследство. Освен тоа, официјално се вклучуваат големите артефакти и музеи со културното наследство да бидат дел од ученичките тури за екскурзија низ дражавата, вели Атанасоски. /МИА

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер