Во Лондон завршија сослушувањата за 115 финансиски прекршоци на Манчестер сити

 Лондонскиот меѓународен центар за решавање спорови ги заврши сослушувањата за случајот со 115 финансиски прекршувања на Манчестер сити, пренесува „Дејли мејл“.

Пресудата треба да биде донесена во наредните месеци. Сепак, како што забележува изворот, страните најверојатно ќе поднесат жалба на која било од можните одлуки, па постапката би можела да продолжи до крајот на следната сезона.

Во февруари 2023 година, Премиер лигата го обвини Сити за 115 прекршување на финансиските правила. Се тврдеше дека клубот направил прекршоци од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18.

Доколку се докаже вината на Манчестер сити, тогаш за „граѓаните“ може да се применат разни санкции во форма на парични казни, одземање бодови или исфрлање од Премиер лигата во некоја од пониските дивизии на англискиот шампионат.

Видео-Фото: Парис Хилтон гола за Божиќ

Богатата наследничка Парис Хилтон  одлучила оваа година да го прослави Божиќ на малку поинаков начин.

43 годишната Парис, всушност, позирала пред елката како од мајка родена, а интимните делови ги криела само огромен црвен лак. Парис уживаше во божиќниот дух во нејзиниот замок во Сливингтон Манор, кој го купи во 2020 година.

Во огромните соби на вилата претходно се пофалила со големи плакари само за чевли, а тука е и Клуб Париз, нејзиниот личен домашен ноќен клуб.

Парис, која има 66 милиони следбеници на социјалните мрежи, му се заблагодари на фотографот Брајан Зиф што ги направи „нејзините најболни фотографии“ и очигледно го сакаше целото снимање - како и нејзините обожаватели.

„Моето присуство е вистински подарок“, заклучила Парис во описот на својата објава, а многумина се согласиле со неа.

Претседателката Сиљановска-Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.

-Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот, како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот, соопшти претседателскиот Кабинет.

Зоран Кардула автор на логото „80 години Македонски народен театар“

Македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде логото „80 години Македонски народен театар“ по повод 80-годишниот јубилеј на најстарата национална професионална театарска институција Македонски народен театар (МНТ).

- Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот - 80 години. Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери, се вели во соопштението.

МНТ, како што се наведува, се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.

притисни ентер