Во љубовна врска со 18 години помлад: Моника Белучи за прв пат во јавноста со новото момче (фото)

Италијанската актерка и една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, за прв пат се појави во јавноста со новото момче.

Неделата на модата во Париз беше повод Моника да се појави со своето момче, 18 години помладиот француски уметник Николас Лефевр.

Моника во текот на 2017 година нагласи дека има нов маж во својот живот, но до ден денеска беше непознато за кого станува збор.

Моника и Николас предизвикаа големо внимание на ревијата на Шанел.

Ова е прв пат после разводот од Венсан Касел во 2013 година да се појави со друг маж.

Николас Лефевр е 36 годишен уметник и сценограф кој некогаш се занимавал со манекенство.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласови во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер