Во Крива Паланка се одржа осмиот „Џојфест" фестивал

Неколкуилјадната публика од повеќе македонски градови и градови од соседна Бугарија синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка уживаше во фестивалот на радоста – Џојфест.

Фестивал кој осма година по ред се одржува во општината во месец август во екот на летната кулутрна понуда во регионот.

На сцената пред публиката од разни генерации настапија бендовите „Ки", „The three of us", „Флека", „Сајгон", Тони Зен , чии настапи беа увертира во настапот на главната музичка ѕвезда, виртуозниот вонсериски гитарист, Влатко Стефановски.

Стефановски кој настапи со „Влатко Стефановски трио" , во кое членуваат уште и неговиот син Јан Стефановски, на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, со двочасовниот настап ја воодушевија публиката, која во еден глас ги пееше рефрените на најпознатите песни кои во Влатко Стефановски од „Леб и Сол" до денес ги создал во неговата четиридецениска музичка кариера.

Од организацискиот одбор на „Џојфест” истакнаа дека и ова фестивалско издание помина во одлична организација, со програма за која ќе се говори до следното фестивалско издание.

-Ова беше несекојдневна можност кривопаланчани и жителите од регионот да го слушнат вонвременскиот гитарист со кој растевме и се уште растат голем број генерации, млади музичари кои се среќни што можат да учат од најдобриот гитарист на сите времиња, можам да кажам. Она што беше куриозитет, е мастер-класот на Стефановски, одржан неколку часа пред концертот, за кој се баарше место повеќе, присуствуваа различни генерации музичари од градот и впиваа од несебичната методика на пренесување музички занаења на големиот Стефановски, истакна Александар Михајловски од организацискито одбор на Џојфест".

Фестивалот го организира Општина Крива Паланка, со организавциски одбор на „Џојфест", институции до културата со поддршка од Министерство за кулутра на Северна Македонија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер