Во Кочани се одржа планинската трка „Gratche Trail Run"

Над 150 натпреварувачи учествуваа на третиот натпревар во планинско трчање „Gratche Trail Run 2019", што денеска се одржа на падините на Осоговските Планини, а чиј организатор е Друштвото за спортови во планина МТБ „Исток" од Кочани.

Должината на патеката изнесуваше 13 километри, со вкупна висинска разлика од 660 метри, а учесниците трчаа низ прекрасните предели на браната Гратче, селата Горно и Долно Гратче, како и водопадите на Голема Река.

– Трката има за цел да ги промовира убавините на браната Гратче и Осоговијата, како и да придонесе за развој на планинското трчање и спортот воопшто, односно да биде поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт. На минатогодишното издание на „Gratche Trail Run" учествуваа 190 натпреварувачи, а сличен одзив имаме и годинава, што е извонредна бројка за ваков настан. Љубителите на природата и на планинското трчање, не само од Кочани, туку и од Штип, Виница, Велес, Гевгелија, Скопје и другите градови ни се придружија на трката што во наредниот период планираме да ја прошириме, односно да ја зголемиме должината на патеката и да добие меѓународен карактер, истакна Панче Зафиров, претседател на МТБ „Исток".

Како подготовка за планинското трчање, членовите на Друштвото МТБ „Исток", се придружија на еколошката акција на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија" и здружението „Не биди ѓубре", при што паралелно со маркирањето на патеката ја чистеа околината на водопадите на Голема Река каде што минува и самата патека на трката.

За успешно организирање на планинската трка финансиска поддршка беше обезбедена од локалниот бизнис сектор, како и волонтери членови на МТБ „Исток".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер