Во Кнесетот денеска ќе се гласа за новата израелска Влада, крај на ерата на Нетанјаху

По гласањето во Кнесетот, официјалниот трансфер на власта ќе се случи во понеделник во кабинетот на премиерот.

Израел се подготвува денеска да сврти нова страница во својата историја, кога новото парламентарно мнозинство на гласање во Кнесетот треба да ја потврди „коалицијата за промени" и со тоа да стави крај на владеењето на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата.

Кнесетот се состанува на вонредна седница во 13 часот по Гринич (16 часот по локално време) за да им се овозможи на центристот и опозициски лидер, Јар Лапид, и лидерот на радикалната десница, Нафтали Бенет, да го претстават својот тим, за што ќе се гласа во текот на вечерта.

Оваа коалиција, што опфаќа две левичарски партии, две партии на десниот центар, три десничарски партии и една арапска партија, успеа да собере мнозинство од 61 член во 120-члениот парламент.

Доколку биде изгласана, што се очекува, од власта дефинитивно си заминува Бенјамин Нетанјаху, кој во Израел владееше 12 години.

Соочен со случај на корупција, Нетанјаху (71), вчера, исто така, беше и цел на протести пред неговата официјална резиденција во Ерусалим. Демонстрантите не чекаа да се гласа за да го прослават падот на Биби, прекарот на Нетанјаху, кој е лицето на Израел од враќањето на власт во 2009 година, откако претходно веќе беше на чело на владата од 1996 до 1999 година.

Новата коалиција првите две години ќе ја води Нафтали Бенет, шеф на партијата Јамина, а потоа Јар Лапид исто толку време.

По гласањето во Кнесетот, официјалниот трансфер на власта ќе се случи во понеделник во кабинетот на премиерот.

Ликуд на Нетанјаху вети „мирен трансфер на власта" по двегодишна политичка криза одбележана со четири избори што завршија или со неможност да се формира нова влада или влада на единство што траеше само неколку месеци.

-Владата ќе застане во одбрана на целото население – верници, лаици, ултраортодоксни, арапи – и тоа, без исклучок, вети Нафтали Бенет, поранешен соработник на Нетанјаху.

„Населението заслужува одговорна, ефикасна влада што ја става благосостојбата на земјата во првите редови на нејзините приоритети", додаде Јар Лапид, кој треба да биде шеф на дипломатијата за време на премиерскиот мандат на Бенет.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер