Во Италија почна пробното производство на руската вакцина Спутник V, сеуште неодобрена во ЕУ

Швајцарско-италијанската компанија Adienne Pharma & Biotech на северот на Италија денеска започна со производство на првата пробна серија на руската вакцина против ковид-19 Спутник V, објави прес-службата на компанијата со седиште во Лугано.

„Започнавме производство на пробна серија што ќе биде подложена на внатрешна проверка за безбедност и усогласеност“, соопштил извор од компанијата, додавајќи дека внатрешната проценка ќе биде проследена со доставување документи до властите за да се добие дозвола за продажба.

Кон крајот на март, рускиот фонд за директни инвестиции се согласи да го произведе Спутник V во Adienne Pharma & Biotech. Претседателот на компанијата, Антонио Ди Наро, тогаш објави дека првите дози на вакцината може да пристигнат на пазарот најдоцна кон крајот на 2021 година, откако ќе бидат завршени сите постапки за сертификација.

Спутник V сè уште не го поминал процесот на одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА). Експертите на ЕМА завршиле со прегледот на производствените капацитети во Руската Федерација и сега се очекуваат дополнителни документи. Во отсуство на соодветни одобренија за продажба на Спутник во Европа, сериите произведени во Италија можат да бидат продавани во земјите во кои е одобрена, а кои што ги има повеќе од 60 низ целиот свет.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер