Во Хонг Конг уапсена организаторката на бдеењето за масакрот на плоштадот Тиенанмен во Пекинг

Во Хонг Конг е уапсена  организаторката на бдеењето со кое се одбележува 32-годишнината од бруталниот масакр на плоштадот Тиенанмен во Пекинг, јавија денеска хонгконшките медиуми.

Активистката Чау Ханг-Тунг претходно изјави дека вечерва планира да оди во паркот Викторија за да го организира бдеењето за одбележување на страдањата на жртвите од репресија на 4 јуни 1989 година, пред точно 32 години во Пекинг, и покрај тоа што властите го забранија настанот, јави телевизијата РТХК.

Полицијата ја уапси Чау под сомнение дека потткнувала одржување забрането бдеење со свеќи, јави „Саут Чајна Морнинг Пост", повикувајќи се на полициски извори.

Чау е потпретседателка на Сојузот за поддршка на државните патриотски демократски движења за Кина од Хонг Конг (ХКА).

Полициските службеници ја уапсиле денеска, во раните утрински часови, јави весникот повикувајќи се на извор кој кажа дека се очекуваат натамошни апсења.

Полицијата минатата недела ја соопшти забраната за обележување на настанот, повикувајќи се на пандемијата со коронавирусот. Оттаму кажаа дека секој кој ќе ја прекрши забраната може да добие пет години затвор и уште една година за објавување на настанот.

Оваа година, вторпат по ред, е откажано годишното одбележување на крваво задушените протести на плоштадот Тиенанмен.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер