Во Германија се вакцинираат по милион луѓе на ден, наскоро попуштаат мерките

Германија бележи понатамошен пад на нови инфекции, што за некои германски вирусолози е индикација дека третиот пандемиски бран се повлекува.

"Мислам дека сме на добар пат. Во моментов вакцинираме околу милион граѓани на ден и ако продолжиме вака, има причина за оптимизам", рече Сандра Циесек, директор на Институтот за медицинска вирусологија на Универзитетот во Франкфурт..

Таа објасни дека факторите како што се зголемените вакцинирања и тестирања и променетото однесување на луѓето со доаѓањето на потопло време и подолг престој на отворено заеднички влијаат на опаѓачкиот тренд на бројот на нови инфекции.

„Секогаш е комбинација од многу влијанија“, рече Циесак.

Таа ја повтори оптимистичката проценка на здравствениот портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Карл Лаутербах, кој вчера рече дека „летото ќе биде добро“.

Промената е индицирана и со растечките отстапки во некои сојузни покраини.

Баварија на крајот на мај најави отворање хотели за престој на туристи, а некои други федерални држави, како Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург, најавија отворање за угостителство.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ги повикал федералните провинции „претпазливо да се отвораат“ во угостителската индустрија, што пред се се однесува на понудата на отворено.

Оваа недела треба да бидат донесени и одредби за изземање од мерките против пандемија за вакцинираните. Одредбата, која би можела да стапи на сила уште овој викенд, се однесува и за оние кои го прележале коронавирусот, со некои исклучоци, така што се ослободуваат од карантинските обврски по враќањето од странство, како и мерките за ноќно ограничување.

Седумдневната инциденца вчера била 132,8, што е за речиси десет единици помалку од претходниот ден. Минатата среда, инциденцата била 160.

Вирусолозите се задоволни и од падот на бројот на пациенти во единиците за интензивна нега.

„Очекуваме бројот на пациенти на одделите за интензивна нега значително да се намали до крајот на месецот“, рече Гернот Маркс, претседател на Германското здружение за интензивна нега.

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

притисни ентер