Во Германија се уапсени четири лица поради сајт со детска порнографија со 400.000 корисници

Германската полиција открила една од најголемите илегални страници во светот за детска порнографија, со повеќе од 400.000 корисници и уапсила четворица мажи кои се поврзани со работењето на оваа платформа, соопшти денеска обвинителството.

Платформата „BOYSTOWN“ постоела најмалку од јуни 2019 година, а корисниците можеле да пристапуваат исклучиво преку таканаречениот Даркнет, според јавното обвинителство во Франкфурт и федералната полиција БКА.

Како што беше потврдено за јавниот сервис АРД од Централната канцеларија за борба против криминалот на Интернет (ЗИТ) на Германија при ОЈО во Франкфурт, операторите на платформата се уапсени кон средината на април. Истрагата ја спроведува Сојузната канцеларија за криминалистичка полиција во Германија.

Главните осомничени се четворица мажи со германско државјанство: 40-годишник од областа Падерборн, 49-годишник од областа Минхен и 54-годишник во Парагвај биле администратори и оператори на платформата. 64-годишник од Хамбург е обвинет дека бил еден од најактивните членови.

Тројцата осомничени се во притвор во Германија од 14, односно 15 април. За време на апсењето, седум претреси биле извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Хамбург. За 54-годишникот се бара меѓународна потерница во Парагвај - тој треба да биде екстрадиран во Германија. Откако биле уапсени главните осомничени, истражителите ја затвориле платформата.

Според Јавното обвинителство, корисниците на платформата можеле да разменуваат порнографски материјал и снимки на деца на „Даркнет“.Серверите се наоѓаа во Република Молдавија и биле таму изнајмени, пишува ДВ.

Според информациите, повеќето од снимките за злоупотреба покажуваат момчиња од различни возрасни групи, вклучувајќи ги и најтешките случаи на злоупотреба на мали деца. Платформата се состоела од форум ,поделен на различни области каде што може да се чуваат и пребаруваат извештаи за злоупотреба.

Покрај тоа, имало два области за разговор каде што членовите можеле да комуницираат и да разменуваат материјали. Според истражителите, 64-годишникот од Хамбург, за кого се наведува дека бил особено активен, споделил околу 3.500 слики или видеа на платформата.

Трите наводни оператори на платформата им давале на членовите упатства како да сурфаат безбедно - односно како да не бидат откриени. По германска иницијатива е формирана меѓународна работна група за истрага координирана од Европол. Агенциите за спроведување на законот во Шведска, САД, Австралија и Канада биле вклучени во истрагата.

Бидејќи платформата работела на Даркнет, каде што може да се сурфа анонимно, истрагата била особено тешка. За истражителите, затворањето на платформата и апсењето на наводниот оператор е голем успех во борбата против ширењето на детската порнографија.

Со 400.000 членови, Бојстаун е многу пати поголем од платформата Елисиум, која што имала 111.000 корисници и е затворена во јуни 2017 година. Се смета за еден од најголемите од ваков вид, а со него управувале и од Германија. Пред две години, операторите на таа платформа биле осудени на затворски казни од три години до десет месеци и десет години и девет месеци.

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа.

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата.

Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

притисни ентер