Во четврток проекција на „Врба" во Крива Паланка

Во четврток, 7 ноември, со почеток во 20 часот и 15 минути во кино салата на Национала установа Центар за кулутра Крива Паланка, премиерно ќе биде прикажан најновиот игран филм на Милчо Манчевски, „Врба".

Од НУЦК Крива Паланка информираат дека поради големиот интерес за филмот, билетите се веќе пуштени во претпродажба, по симболична сума од 100 денари.

-Граѓаните во последниот период пројавуваат се поголем интерес за кино-прокециите, во изминатите два месеци во нашата установа беа прикажани бројни интересни филмски остварувања, филмови за деца, имавме три проекции на „Медена земја", а по најавата за прикажување на „Врба", интересот на граѓаните е исклучително висок. Поради тоа билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата секој ден од 15 часот и 30 минути до 20 часот, информира Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Филмот „Врба" го сруши рекордот на најгледана премиера на македонски филм во скопското кино „Синеплекс", кога истовремено, на први месецов, беше прикажан и во Битола, Охрид и Штип, Струга и Кичево.

Вчера филмот се прикажа во Прилеп и Свети Николе, во четврток ќе биде проектиран во Крива Паланка, на 9 ноември во Гевгелија, во Кочани и Македонска Каменица на 14-ти.

Светската премиера на „Врба" беше на 19 октомври на Римскиот филмски фестивал. Новиот филм на Манчевски ја освои и домашната публика со горчливата порака дека „Мајка не раѓа, мајка сака". /МИА

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер