Во Британија е родено првото бебе со тројца родители

Првото бебе создадено со ДНК на три лица е родено во Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна процедура за ИВФ чија цел беше да се спречи наследување на неизлечива болест.

Во техниката, позната како митохондријална терапија за донирање (МДТ), ткиво од јајце клетки на здрави женски донатори се користи за да се создаде ембрион без опасните мутации кои мајките би можеле да им ги пренесат на своите деца, пишува The Guardian.

Бидејќи спермата и јајце клетките на биолошките родители се комбинирани во ембрионот со митохондриите од донаторското јајце, добиеното бебе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од трето лице. .

Истражувањето за MDT, кое е познато и како митохондријална заместителна терапија (MRT), беше започнато во Обединетото Кралство од страна на лекарите во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците сакале да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат генетските мутации.

Имајќи предвид дека сите наши митохондрии ги наследуваме од нашите мајки, штетните мутации можат да влијаат на здравјето на децата. Некои бебиња може да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да добијат многу повеќе такви мутации и да развијат тешки, прогресивни и често фатални болести.

Техниката развиена од експерти од Њукасл се состои од неколку чекори. Прво, спермата на таткото ја оплодува јајце клетката на мајката и здрав дарител. Основниот генетски материјал потоа се отстранува од јајце клетката на донаторот и се заменува со оној од оплодената јајце клетка на парот. Добиената јајце клетка има целосен сет на хромозоми од двајцата родители, но и здрави митохондрии од донаторот. Потоа се всадува во матката.

Велика Британија не е првата земја во светот која добила бебе преку оваа процедура. Американските лекари во 2016 година го породиле првото дете зачнато со помош на техниката МДТ. Станувало збор за жена од Јордан со митохондријални мутации кои предизвикуваат фатална болест (Лиевиот синдром). Пред третманот, спроведен во Мексико, жената имала четири спонтани абортуси и две деца. Едното починало на шестгодишна возраст, а другото живеело само осум месеци.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

притисни ентер