Во Битола театарска премиера на „Аждер" од Шварц во режија на Владимир Милчин

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Аждер" на Евгениј Шварц во режија на Владимир Милчин.

Како што велат од Битолскиот театар, во горчливата претстава за возрасни, ќе настапат 24 актери, а улогата на градоначалникот ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски.

-Очекувам успешна претстава која ќе живее и провоцира. Очекувам дебата за претставата и отворање на многу прашања. Авторот Евгениј Шварц напишал „не залудно на земјава беше испратена ти, душо моја мека", а всушност такви сме ние театарските работници, и не смееме да заборавиме да бидеме живи и емпатични, нагласи Ѓорѓиевски во пресрет на вечерашната премиера на „Аждер" во Битола.

Инаку, првиот обид, текстот „Аждер" да се постави на театарска сцена бил направен од режисерот Николај Акимов во 1944 година со театарот во Ленинград, но претставата била забранета веднаш по премиерата, а забрана имало и при вториот обид во 1962 година.

Во историјатот за претставата „Аждер" се посочува дека таа успешно била изведувана во Берлин во периодот од 1965 до 1981 година, француската публика ја гледа во1967 година, но сказната за возрасни не ја видел авторот Евгениј Шварц кој починал на 15 јануари 1958 година.

Македонската премиера на „Аждер" е вечер од 20 часот на матичната сцена на Битолскиот театар кои мотивот за плакатот го користеа од сликата „Аждер" на академскиот сликар Петар Мазев. /МИА

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер