Во Битола премиерна изведба на документарната театарска претстава „Жени"

Жени битолчанки, борци со болеста рак со која лично се соочиле, синоќа одиграа документарна теарска претстава во која на свој и оригинален начин ја презентираа својата борба со рак на дојка.

Во театарската претстава учествуваа битолчанките Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска и Зорица Цибалевска, жени кои никогаш не биле акерки, а кои со битолската публика ја споделија личната борба против рак на дојка и рак на матка, а Цибалевска посебно беше фокусирана на пораките од нејзината мајка Летка Андреевска која го загуби животот во борбата против болеста рак.

-Театарскиот проект беше во функција на подигнување свест за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста рак која за жал во голем обем и бројка е застапена во пелагонскиот регион. Во претставата говоревме за искуствата, за борбата против самата болест, но и депресијата која се јавува кај секоја жена кога се соочува со оваа болест. И, конечно како жени од секојдневието, а не професионални актерки, сакавме да посочиме дека борбата е можна ако решително се води, истакнаа учесничките во претставата „Жени", по синоќешната документарна театарска премира во Битола.

Стручно оформување на претставата изврши Софија Ристевска-Петрушева, професионален театарски режисер и основач на „Интимен Театар" и хотел „Театар" каде се одигра претставата, и каде функционира здружението за поддршка на жени болни од рак во Битола – „Одраз".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер