Во Берово отворена изложба на фотографии од богатата оставина на браќата Манаки

Во Музејот во Берово е отворена изложба на фотографии од богатата оставина на браќата Манаки.

Изложбата е дел од проектот на општина Берово, што се остварува во соработка со Министерството за култура. Целта е да се збогати културната понуда за време на летната туристичка сезона.

На изложбата се презентирани 31 фотографија, што се изработени од оригиналните стаклени плочи на браќата Манаки. Прикажан е минимален дел од огромното фотографско наследство од 18.513 негативи и 10.952 оригинални фотографии, што биле изработени во фотолабораторијата на првите сниматели на Балканот.

Пред беровчани и големиот број домашни и гости од странство изложбата ја отворија градоначалникот Драги Наџински и Снежана Ајтовска, директорка на Домот на културата „Димитар Беровски“.

Со пригодна реч за презентираните експонати се осврна и авторот на изложбата, м-р Роберт Јанкуловски.

- Изложбата на фотографии од Браќата Манаки е проект на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје и нејзината цел е да се презентира и промовира не само македонската, туку и светската ликовна уметност, рече Јанкуловски. /МИА

Луѓето со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.

Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања. Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години. Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.

РФМ со благодарност до навивачите

Ракометната федерација на Македонија изрази јавна благодарност да навивачите за поддршката на синоќешниот натпревар со Фарските Острови.

Македонија победи со 34:26 во реваншот од баражот за пласман на Мундијалот 2025.

- Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката репрезентација во победата над Фарски Острови. Во рамките на своите програмски определби РФМ како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Честитки до сите македонски селекции кои обезбедија учество на континентално или мундијалско првенство, стои во соопштението на РФМ.

Покрај машката сениорска репрезентација, пласман на Светско првенство обезбеди и женската јуниорска репрезентација.

На следните Европски првенства ќе играат женската сениорска, машката младинска (У-20) и машката кадетска (У-18) репрезентација.

Кристерсон: Шведска во време на војна ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон денеска изјави дека ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје на шведска територија во време на војна.

Шведскиот Парламент во јуни ќе гласа за Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) со САД, кој ќе му овозможи на Вашингтон до воените бази во Шведска и ќе дозволи складирање на воена опрема и оружје во оваа скандинавска земја.

- Во воена ситуација тоа е сосема поинаква работа, (тоа) целосно ќе зависи од она што ќе се случи. Во апсолутно најлошото сценарио, демократските земји во нашиот дел од светот на крајот мора да можат да се бранат од земји кои би можеле да ни се закануваат со нуклеарно оружје, изјави Кристерсон за Шведското радио.

Тој додаде дека одлуката за распоредување на нуклеарно оружје ќе биде донесена од Шведска, а не од САД.

- Шведска одлучува за шведска територија, наведе Кристерсон.

Критичарите на нуклеарното оружје, меѓу кои и шведското Здружение за мир и арбитража бараат од Владата во договорот за одбранбена соработка со САД да биде ставено дека Шведска нема да дозволи нуклеарно оружје на нејзина територија.

притисни ентер