ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да игра „ол ин” и да се коцка со здравјето и животот на граѓаните

Зоран Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со животот на граѓаните за да го ублажат поразот што им претстои.

Власта нема капацитет да се справи со епидемијата. Здравјето на граѓаните не е приоритет на Зоран Заев.

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот зема се поголем замав. показател за тоа се новозаболените лица кои на дневна основа надминуваат бројка над 50. Покрај рапидното растење на бројот на новозаболени, за жал веќе неколку дена по ред бележиме и зголемена бројка на починати од корона вирусот.

Комисијата за заразни болести попушти под политичките притисоци од СДСМ. Желбата за лажно претставување на ситуацијата заради организирање предвремени парламентарни избори, резултираше со енормно зголемување на бројот на новозаболени и починати. Катастрофата што ја гледаме е доказ за некадарноста и несериозноста на главната институција во борбата со вирусот.

Иако здравствените работници кои што се на првата борбена линија непоштедно работат за подобрување на здравствената состојба во државата, сепак кормиларот на бродот повеќе делува политички, отколку во насока на подобрување на ситуацијата во која што се наоѓаме.

Мора темелно да се размисли и да се донесуваат суштински решенија во кои евентуалната грешка би требала да се сведе на минимум, а не да се играат политички игри на сметка на здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Покрај здравствената состојба која е примарен проблем во државата, лошите мерки кои се спроведуваа во здравството се одразија и на економијата. економијата од ден во ден тоне се подлабоко. Тие се штети кои тешко ќе се надоместат доколку владата не почне да размислува и делува во полза на народот, а не на нарачателот Зоран Заев и партиските соработници. Досегашното лошо раководење со здравствениот систем и економијата резултираат со задолжување на секое семејство за 1500 евра. Тоа доволно укажува на тоа какви луѓе ја водат државата веќе три и пол години, особено во време на ваква пандемија која ја зафати целата држава.

На ваквото неработење ќе му дојде крајот, поради тоа што граѓаните заслужуваат стабилност и сигурност, а не да бидат оставени сами на себе.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме Хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мајкрософт најави нови компјутери со чипови со вештачка интелигенција од Квалком

Мајкрософт објави дека наскоро ќе пушти во продажба нови компјутери со напредни чипови од компанијата Квалком.

Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави дека наскоро ќе пушти во продажба нови компјутери со напредни чипови од компанијата Квалком (Qualcomm) кои се дизајнирани да извршуваат функции на вештачка интелигенција без брзо празнење на батеријата.

-Во прашање се чиповите Snapdragon кои ќе им овозможат на корисниците да извршуваат некои задачи со вештачка интелигенција дури и без интернет конекција и да го користат моделот на Мајкрософт со вештачка интелигенција Copilot.

Меѓу другото, компјутерите ќе можат да препорачуваат одговори на дојдовните пораки, да предлагаат промена на поставките, па дури и да разговараат со луѓето за тоа што е моментално на екранот. /МИА

Кривичен му го потврди притворот од 30 дена на Љупчо Палевски

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74).

-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно, постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, стои во соопштението од Кривичен.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.

Патник загина во силни турбуленции за време на лет, авионот принудно слета (ВИДЕО)

Сингапур ерлајнс го објави денешниот инцидент, кога авионот со 211 патници доживеал силни турбуленции и принудно слетал во Тајланд.

Сингапур ерлајнс го објави денешниот инцидент, кога авионот со 211 патници доживеал силни турбуленции и принудно слетал во Тајланд, а објавиле дека на летот починал 73-годишен маж од Велика Британија и изјавиле дека причината најверојатно е срцев напад.

Во овој инцидент биле повредени повеќе од 20 луѓе, а сега се појавија и видео снимки од леталото за време на турбуленциите.

На социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појави видео на кое се гледа како се тресе во авионот, а неколку секунди подоцна авионот буквално „пропаѓа“ што резултира со паѓање храна и работи од кабината.

Во тој момент еден човек од силината на турбуленциите буквално ја удира главата во таванот.

Еден од патниците рече дека авионот доживеал „драматичен пад“, што значи дека луѓето кои не носеле појаси „летале кон таванот“.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на таванот на кабината, како и храна, прибор за јадење и други остатоци расфрлани по подот по инцидентот.

„Летот SK321 на Сингапур ерлајнс, кој патуваше од Лондон Хитроу за Сингапур на 20 мај, наиде на сериозни турбуленции на пат. Можеме да потврдиме дека во авионот има повредени и една жртва. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот. Нашиот приоритет е да им обезбедиме секаква можна помош на сите патници и членови на екипажот.“

притисни ентер