ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја злоупотребуваше трагичната судбина на масакрираните кај Смилковско езеро

​Зоран Заев е срам и како политичар и како човек. Зоран Заев денеска покажа дека нема образ, ни чест, ни достоинство дури и кога станува збор за човечки трагедии.

Зоран Заев денеска призна дека крајно брутално и безобразно манипулирал со семејствата на жртвите од масакрот кај Смилковското езеро.

Да потсетиме дека Заев во периодот 2015 до 2017 ги лажеше роднините и родителите на жртвите од масакрот кај Смилковско езеро, но и целокупната јавност во Македонија, дека имал докази дека обвинетите се невини, дека имало претставници на власта од тоа време кои се инволвирани, па на јавни изјави велеше дека имал чувствителни докази за нова вистина за случајот и слични махинации.

Сега без срам и без образ излегува пред суд и ретерира. Овој човек има образ како ѓон. Злоупотребуваше масакар, трагични судбини, безочно лажеше, а сега се прави недоветен.

Заради оваа лага и заради многу други лаги, криминали и корупциски скандали да им се извини на луѓево и да се повлече од политика час поскоро. Ако не Граѓаните ќе му го испорачаат поразот на претстојните избори на 12-ти април.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер